00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Изолација K-FLEX во плоча (ролна) и цевка


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:K-FLEX EC и K-FLEX ST Изолација во цевки,плочи,ролни. Еластичен изолационен материјал од експандиран еластомер на база на гума со затворени келии.Има широка палета на примена и тоа кај индивидуални или индустриски системи за греење, ладење, климатизација и вентилација,како и кај низа технолошки процеси кај кои е потребно сигурно и трајно спречување на кондензација, и намалување на топлинските загуби.Состав: Цврст материјал на база на гума, во различни бои, нема мирис, не се топи, не врие, не согорува, не се раствора, стабилен во воздух, густина на полуфабрикат:45-100gr/l (20°C) температура на распаѓање: поголема од 200°C Противпожарни к-ки: производот не согорува и е самогасив, може да се запали при високи температури, но потоа сам се гаси и тлее. Изолацијата во цевка е со должина 2m,со дебелини 6,9,13,19,25,32,40,50,60 mm,со различни пречници до Ф114 mm. Изолација во ролна,плоча се произведува како обична или самолеплива,со дебелини 6,10,13,16,19,25,32,40,50,60 mm, со ширина 1-1,5 m. Температурно подрачје на употреба: Од -200°C до +116°C за рамни површини (плочи).
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Техно Ауто
  • Земја на потекло:Италија
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка