00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Мерење на проток и притисок


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:- Мерење на проток:
    Aquasave користи најнова технологија за мерење на протокот на база на ултразвук со цел на клиентите да им обезбеди прецизно мерење на протокот во постојните цевководи, независно од нивниот материјал. Мерењето се врши од надворешната страна на ѕидот на цевката и без директен контакт со водениот столб. Нема потреба од сечење на цевководот или од прекинување на редовното водоснабдување. Со помош на преносните ултразвучнуи мерачи на проток, Aquasave може прецизно да ги специфицира пумпите, проверува мерачите на проток или изврши мерење на потрошувачката на поедини цевководи и зони на потрошувачка. Преносните ултразвучни мерачи на проток може да се користат во степ-тест методата за утврдување на деловите од мрежата со истекувања и тоа на цевководи каде нема инсталирано мерачи на проток.

    - Мерење на притисок:
    За мониторинг и меморирање на вредностите на притисокот во мрежа, користиме логери на притисок, при што податоците можат да се симнуваат и анализираат на терен. Ние изведуваме теренски мерења на притисокот за потребите на начите клиенти, како што се консултантите или претпријатијата за водоснабдување, кои изведуваат проектирање, калибрација и верификација на Хидраулички модели на водоводните дистрибутивни системи. По реализација на мерењата, доставуваме детален извештај за резултатите и наодите во печатена форма.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Аквасеив
  • профил на компанијата

    Аквасеив

    • Опис на компанијата:АКВАСЕИВ е специјализирана фирма која преку примена на методологии и техники за намалување на загубите на вода, нуди услуги за откривање на истекувања на цевки под притисок (водоводни и топловодни), лоцирање траса на цевки, анализа на потрошувачка на вода, мерење на проток и притисок, управување со притисок, видео инспекција на канализациони цевки, како и комплетен дизајн и реализација на проекти за намалување на загуби на вода во водоснабдителни системи. Дополнително, покрај услуги, нуди и различни уреди за заштеда на вода. АКВАСЕИВ своите специјалистички консултантски и теренски услуги во областа на контрола на загубата на вода, како и уредите за загуба на вода, ги нуди за сите комунални претпријатија, институции и претпријатија од јавниот сектор, индустриски и комерцијални субјекти и индивидуални потрошувачи во Македонија и пошироко, во регионот.
    • Име на контакт лице:Бојан Ристовски
    • Адреса:Црвена Вода 31
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:00 389 78 488 489
    • Телефон #:00 389 2 6148 444
    • Факс #:00 389 2 6148 443
    • Локација на мапа:Прикажи



    026148444

    корисничка поддршка