00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Локација на место на истекување на водоводни и топловодни инсталации


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Систем за локација на место на истекување на водоводни и топловодни инсталации преку:
    - Ревизија за потрошувачка на вода на индустриски, комерцијални, институционални и резиденцијални објекти:
    Првиот чекор е посета на локацијата и идентификување на главните потрошувачи на вода, преглед на постојните податоци доставени од корисникот на услугите (најчесто сметки за вода и канализација) и оценка дали постои реален потенцијал за заштеда на вода. Следниот чекор е дизајнирање на соодветна програма за мониторинг со цел да се дојде до моменталната потрошувачка на објектот. Опремата што ја користиме зависи од локалните услови - во некои случаи едноставно поставуваме дата логер (уред за снимање на податоци за проток) на постојниот водомер, а понекогаш употребуваме ултразвучен преносен мерач на проток. Дополнителните активности вклучуваат следење на притисокот во неколку мерни места, верификација на инфраструктурата, како и преглед на состојбата и исправноста на соодветните затварачи. Откако ќе се идентификува и пресмета севкупната потрошувачка на вода, тогаш можат правилно да се идентификуваат и препорачат активностите и мерките за заштеда на вода. Последниот чекор се сведува на контролно мерење на потрошувачката на вода со цел да се потврдат соодветните трошоци и заштеди.

    - Откривање на истекувања на вода со наслушнување на водоводната инсталација:
    Сондирањето е систематско испитување на водоводните инсталации и тоа претставува метод на „наслушување“ на звуци на истекување на вода на затварачи, хидранти и достапни метални делови на подземни цевки под притисок, најчесто кога визуелно не се забележува вода што излегува на површината во дворовите или на улиците. Основен инструмент е Контактниот микрофон за електронско наслушување, којшто се користи како едноставен акустичен инструмент што е електронски засилен. Оваа техника е сè уште широко претпочитана од страна на повеќето стручни лица.

    - Лоцирање на истекувања на вода со земјини микрофони
    Оваа техника опфаќа поставување на микрофон на површината на земјата во интервали по должината на цевката и евидентирање на промените во засилувањето на звукот со приближување на микрофонот до позицијата на истекувањето. Земјиниот микрофон-Геофон може да се користи за прелиминарно и прецизно одредување на местото на истекување.

    - Откривање на истекувања на вода со корелација (Корелатор):
    Корелацијата е еден од најсофистицираните методи за пронаоѓање и лоцирање на истекувања во водоводните инсталации. Истекувањата се лоцираат со голема прецизност со користење на најсовремена компјутеризирана корелациона технологија. Системот се состои од централна процесорска единица, два високочувствителни сензори за прифаќање на вибрациите од истекувањата и два радио предаватели. Сензорите најчесто се поставуваат на достапните метални делови на мрежата, како што се хидранти, затварачи и др. Ние сме специјализирани за лоцирање на истекувања на вода, а не за вршење на водоинсталатерски поправки.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Аквасеив
  • профил на компанијата

    Аквасеив

    • Опис на компанијата:АКВАСЕИВ е специјализирана фирма која преку примена на методологии и техники за намалување на загубите на вода, нуди услуги за откривање на истекувања на цевки под притисок (водоводни и топловодни), лоцирање траса на цевки, анализа на потрошувачка на вода, мерење на проток и притисок, управување со притисок, видео инспекција на канализациони цевки, како и комплетен дизајн и реализација на проекти за намалување на загуби на вода во водоснабдителни системи. Дополнително, покрај услуги, нуди и различни уреди за заштеда на вода. АКВАСЕИВ своите специјалистички консултантски и теренски услуги во областа на контрола на загубата на вода, како и уредите за загуба на вода, ги нуди за сите комунални претпријатија, институции и претпријатија од јавниот сектор, индустриски и комерцијални субјекти и индивидуални потрошувачи во Македонија и пошироко, во регионот.
    • Име на контакт лице:Бојан Ристовски
    • Адреса:Црвена Вода 31
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:00 389 78 488 489
    • Телефон #:00 389 2 6148 444
    • Факс #:00 389 2 6148 443
    • Локација на мапа:Прикажи



    026148444

    корисничка поддршка