00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA NA PELETI THERMOFLUX INTERIO 14kW

12%заштеда

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:ПРОВЕРЕТЕ ЗОШТО СМЕ БРОЈ 1 НА ПАЗАРОТ ЗА ПЕЛЕТИ И КОТЛИ И ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ!

    INTERIO 14(14 kW) Задоволство ни е да Ви ја претставиме линијата на печки на пелети INTERIO, потполно автоматски топловодни камини наменети за спојување со инсталации за централно греење.
    Напредната и модерна технологија со која се изработени им овозможува да имаат висок степен на искористување 94%,со што овозможуваат потполно и комотно загревање на просториите,а со максимална заштеда на енергенсот (пелетите.

    Печките се компактни, потполно опремени, со вградени: експанзионен сад, циркулациона пумпа и сигурносен вентил, а внатре во нив имаат и резервар за пелети со капацитет од 30 kg. Поголемиот дел од енергијата ја пренесува на водата за загревање на радијаторите,а еден мал дел оддава преку стаклото. Камините INTERIO со својата префинета изработка, функционалност и убавина ке ги освојат сите ваши сетила. Претставуваат извонреден спој на модерен, уникатен дизајн и максимална економичност, а воодушевуваат со својот квалитет, брзина на загревање на просторот и комфорот кој го создаваат. Ги карактеризира исклучително квалитетна изработка од сертифициран челик, а декорацијата ја надополнува рачно изработената италијанска керамика, додадена на горната плотна и страните на печката, која на INTERIO му дава нота на вонвременска елеганција.
    Зависно Вашиот избор бојата на керамиката може да биде кармин црвена или мермерна беж боја. На предната страна имаат керамичко стакло отпорно на температури и над 750 °С. Пламенот кој се гледа преку стаклото создава прекрасна, многу пријатна атмосфера во Вашиот дом или работни простории, топлина која смирува и инспирира.
    Автоматиката која е инкорпорирана во каминот пружа удобност на потполно автоматско загревање на Вашиот дом со можност за многу детално и прецизно програмирање на палењето и гасењето со дневен и неделен тајмер (дури и до 4 пати дневно палење и 4 пати дневно гасење,при поврзување со собни термостати по постигнување на зададената (саканата) температура печката ја гасне,ја сведува на минимум својата работа се до следниот регистриран пад на температурата од страна на термостатот,со ова каминот прави огромна заштеда на енергенсот(пелетите)сведувајќи ја на минимум нивната потрошувачката.

    Камините INTERIO се произведуваат во ранг 14kW/20kW/25kW.

    Печките се со првокласен квалитет, сертифицирани со TÜV THÜRINGEN Сертификат за квалитет на Техничкиот Универзитет во Виена, Австрија (Technische Universität Wien) a поседуваат и ISO 9001:2008 Сертификат, како и CE Сертификат.
    Камините INTERIO се многу лесни за одржување и користење. Имаат вграден пепелник во кој паѓа пепелта при согорување на пелетите.
    Пелетите се еколошко и енергетски најефикасно гориво, согорувањето на дрвените пелети е толку чисто, при што речиси и нема ослободување на гасови во околината, тие се СО2 неутрални. Пелетите имаат поголема калориска (топлинска) моќност отколку нафтата, природниот гас и дрвените цепаници. Количеството на формирана пепел од согорувањето на пелетите е минимално само 0,8-1% (8-10kg пепел на 1ton пелети).
    Можност за плаќање на 12 рати без камата!

    tehnoauto-akcija
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Техно Ауто
  • Гаранција:5 години
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи
    12%заштеда
    Цена со ДДВ:135.100 ден. 118.888 ден.

    КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA ...

    12%заштеда
    Цена со ДДВ:182.500 ден. 160.600 ден.

    КАМИН ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ / KAMIN PECKA ...

    12%заштеда
    Цена со ДДВ:141.704 ден. 124.700 ден.

    КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...

    12%заштеда
    Цена со ДДВ:174.602 ден. 153.650 ден.

    КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...

    12%заштеда
    Цена со ДДВ:184.602 ден. 162.450 ден.

    КОТЕЛ (ПЕЧКА) НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ...




    022463333

    корисничка поддршка