00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

ГОРИЛНИК НА НАФТА MAIOR P-AB


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Maior P-AB моделот е двостепен пламеник на нафта, дизајниран за инсталација на модерни котли со висок отпор при согорувањето во ложишниот простор. Наменет е за големи капацитети, пред се за индустриски потреби. Maior P-AB моделот е опремен со сервомотор, кој овозможува воздушно усогласување на првото и второто ниво на пламен. Овој систем гарантира правилно согорување, дури и при услови на низок пламен. Контролната табла инсталирана на MAIOR пламеникот овозможува преглед пред секој почетен круг, контролира безбедно стартување и мониторинг на параметрите на согорувањето. Алуминиумско куќиште до Maior P 200.1 и челично куќиште од P 300.1 со електричен панел интегриран на горилникот. Флексибилна глава за согорување на горилникот која во целост може да се приспособи на било кој облик на ложиштен простор. Двостепена верзија достапна со хидраулички систем или серво мотор со две дизни од Maior P35 до Maior P300.1 и со 3 дизни до Maior P 600.1. Новоразвиен пропорционален систем за прогресивна PR и модуларна MD верзија. Модуларна верзија со PID контролер со дигитален дисплеј и приказ на параметри во реално време. Прогресивна или модуларна дизна со повратен проток. Систем за затварање на дизната со електромагнетен вентил од Maior P700.1. Глава за согорување со флексибилен систем за приспособување на примарен воздух според баран капацитет. Лесно одржување со систем на шини за лизгање на горилникот. Како дополнителна опрема на барање од Maior P300.1 и во стандардна опрема од Maior P 700.1. Сите карактеристики на горилниците се флексибилни и одговараат на различни типови на домашни, комерцијални и индустиски инсталации. Специјален кит комплет за биодизел гориво на барање. Континуирана вентилација на барање Специјална верзија со тростепена регулација на барање Duo Block , Maior TS 300-25000 kW.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Техно Ауто
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка