Дренажни геокомпозити
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Дренажните геокомпозити се префабрикувани дренажни производи кои директно ги заменуваат конвенционалните дренажни агрегати. Употреба Ваквите производи наоѓаат примена во конструкцијата на патиштата и железничките линии, дренажа на ѕидови и подруми, носачи (потпорни ѕидови) кај мостови, стрмни косини, тунели, депонии и слично.Овие материјали се состојат од: -Јадро за транспорт на водата. Јадрото може да биде изработено од два сета на парарелни ребра од полиетилен со висока густина -MacDrain N, интегрално поврзани, или од тродимензионални полипропиленски еднородни влакна -MacDrain W и MacDrain M. -Материјал за филтрирање. Еден или два слоја на неткаен полипропиленски или полиетиленски геотекстил. -Полиетиленска мембрана со мала густина како замена за еден слој на геотекстил, во случаи кога производот треба да биде водонепропусен. Предности од користењето на дренажни геокомпозити: Овозможува и задржува висок проток на вода и гас, одржувајќи ја стабилноста на почвата, Одбирање на геокомпозит кој ќе одговара на специфичните почвени услови и барања, Робустноста дава превенција од дупнување и кинење за време на инсталацијата, Ги одделува и штити структурите од материјалот за исполнување, Мала тежина и лесни за манипулација Производство во контролирана средина што овозможува континуирани перфоманси на производот, Инсталација со помалку луѓе и опрема, за разлика од традиционалните дренажни инсталации, Дренажниот геокомпозит треба да ги исполнува следните критериуми: Да биде робусен, Да го преживее проектираниот век на структурата, Геотекстилот мора да ја филтрира почвата и да овозможи проток на водата до јадрото, Геотекстилот не смее да се деформира премногу и да го спречи протокот, И геотекстилот и јадрото треба да бидат отпорни на хемикалии и бактерии.
Категорија:Геосинтетици , Нискоградба
Достапност:Контакт
Продавач:Ерго Ком
Земја на потекло:Италија
профил на компанијата
Ерго Ком
- Опис на компанијата:ЕРГО КОМ ДООЕЛ Скопје е компанија која делува на пазарот за специјализирани градежни материјали. ЕРГО КОМ е ексклузивен застапник и дистрибутер за производите на познатиот светски производител на жичани производи и геосинтетици "Maccaferri", компанија основана во 1879г., светски призната како докажан партнер во сферата на проектирање и развој на напредни решенија во градежништвото и инженеринг на животната средина. ЕРГО КОМ може да стане Ваш доверлив партнер во испораката на високо квалитетни материјали првенствено наменети за употреба во нискоградбата, како и во развивање на решенија за стабилизација на земјиштето, контрола на ерозија, потпорни ѕидови, депонии, обложување на канали и реки, спречување на одрони на камења итн.
- Име на контакт лице:Владимир Трајановски
- Адреса:ул. Костурски херои бр. 4-8
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Телефон #:00 389 (0)2 3232 351
- Факс #:00 389 (0)2 3232 351
- Година на регистрација:2011
- Локација на мапа:Прикажи