Печатен бетон
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Што е печатен бетон? Печатениот бетон е модифицирана мешавина која се користи како систем за изработка на завршен бетонски под на внатрешни и надворешни површини. Каков ефект се постигнува со негова употреба? Печатениот бетон, преку употреба на специјални печати, втиснува релјефен дизајн врз свежата бетонска површина постигнувајки изглед кој имитира калдрма, камен, кожа, дрво, цигла, бродски под, итн. Мешавината формира црвст слој кој е отпорен на триење и на надворешни влијанија. Кои се неговите предности? Печатениот бетон не избледува и дава цврста завршна површина која е отпорна на вода и мраз. Тој се користи за уредување на внатрешноста на објекти или за надворешни партерни уредувања. Секој посакуван дизајн на површина може да биде релјефно имитиран со трајност на бетон кој е едноставен за одржување.
Достапност:По нарачка
Продавач:Јадро Инженеринг
Земја на потекло:Македонија
профил на компанијата
Јадро Инженеринг
- Опис на компанијата:Јадро Инженеинг е градежна компанија чија примарна дејност е изработка на бетонски подни решенија како што се печатен бетон, зрнест под, „overlay“, микро-цемент и ацидни подови како техники за подна обработка применливи за партерни и ентериерни решенија при репарација на стари и обработка на нови подни површини. Компанијата е управувана од лиценциран кадар за изведба на проектантски решенија, надзор на изведба на објекти и консултантски услуги согласно категоријата на лиценци А од областа на градежништвото и архитектурата.
- Име на контакт лице:Бојана Стојменовска
- Адреса:Ул. „Никола Парапунов“ бр. 41, деловен објект „Макотекс“ бр. 57
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:+389 78 363 954
- Телефон #:+389 78 363 954
- Година на регистрација:2011