Опис на компанијата:НАШАТА ПРИКАЗНА:
Полека но сигурно, популацијата на нашата планета почнува да разбира дека треба да почнеме да се однесуваме пољубезно со светот во кој живееме. После години на злоупотреба, од сечење хектар по хектар дождовни шуми, до катастрофални излевања на нафта и децении немилосрдно загадување, ја ставија нашата прекрасна земја во реална опасност. Конечно, владите ширум светот почнаа да применуваат мерки за да помогнат во одржувањето на нашата планета насмеана - и Вие можете да дадете придонес исто така.
Производите за чистење во домаќинствата и индустријата може да бидат многу штетни за здравјето на Земјата. Оние мали дијаграми со риби кои умираат, неплодни дрвја и суви предели веќе се појавуваат на многу од шишињата за чистење, од средства за чистење на тоалети до средства за мебел.
МИСИЈА:
Наша мисија е да им помогнеме на луѓето и компаниите ефикасно да ја одржуваат хигиената и управуваат со својот отпад, нудејќи природни, поздрави производи за чистење кои не ја загрозуваат безбедноста и благосостојбата на идните генерации.
Ние сме група млади луѓе кои веруваат во коегзистенција со природниот свет.
ПРОФИЛ НА КОМПАНИЈАТА:
Брендот - "GOE", основан 1992. год. е посветен на производство на природна палета производи за чистење и отстранување миризби со примена на био-ензимска технологија. GOE Europe Ltd, чекорејќи успешно на македонскиот пазар веќе 4 години како генерален увозник и претставник на брендот "GOE", од модерниот производствен погон во Перт, западна Австралија, овозможи овие производи да станат достапни и на Европскиот пазар.
ПРИДОБИВКИ:
- 100% Безбедни за околината, човекот и животните
- Широка примена во домаќинствата и индустријата
- Елиминација на миризби
- 99.99% антибактериска ефикасност!
- Економични. Само додадете вода.
ДОКУМЕНТИ:
THOR Antimicrobial Test Report (99.99%), Australian Made Certificate, Good Environmental Choice Australia Certificate, Food-Safe Declaration, Министерство за здравство на Р.М. - Реш. бр. 15-4944/2 од 11/08/2014
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје