Опис на компанијата:Моментално во АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје се вработени 49 работника, и тоа исклучиво високо квалитетен стручен кадар од инженери, техничари и квалификуван и високо квалификуван кадар за оваа бранша.
Од основниот капитал располага со деловен простор: станбена зграда, бараки и магацински простор на ул.Трета Македонска Бригада ББ, Скопје, како и сопствен возен парк.
Основна дејност на АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје е изведување на атмосферска и фекална канализација, внатрешен и надворешен водовод со санитарни уреди, системи за водоснабдување со сите пратечки градежни објекти на населени места со пумпни станици и резервоари и хидрофорски построенја, како и топловодни канали, подстаници,и инсталација за внатрешно греење.
Во нашата фирма постои и посебна Е.Е. за изведба на електроинсталации.
Во тековното работење на АД ЕНЕРГОМОНТ Скопје има изведено огромен број на објекти во земјава и странство, а ке ги наброиме позначајните.
Голем број на станбени објекти во Скопје и др.градови низ Републикава и поранешна СФРЈ, како и странство во Германија, Чешка, Русија, Ирак и Италија.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје