Повеќестепена Пренапонска Заштита - АЦДЦ Сурге Протектор тип - ПИ 780 1/1 Зелена серија x 3
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Трофазна Повеќестепена Пренапонска Заштита: КЛАСА I+II+III; Номинален Напон: 230/400VAC; Номинална Струја: 100A по фаза; Номинална Моќност: 22KW по фаза (66KW трофазна); Вкупна Одводна Струја: 315kA (8x20μs); 45kA (10x350μs); Време на Одзив: < 1ns; Димензии: WxHxD, 82x216x70mm; Тежина: 1,41kg; Стандард: IEC61643-1 Class I+II+III; IEC60939-2; Инсталација: На шина 35mm (EN5022); АЦДЦ Сурге Протектор тип - ПИ 780 1/1 Зелена серија x 3 представува представува повеќестепена сериска пренапонска заштита, составена од осум (8) заштитни степени кои овозможуваат сигурна и ефикасна заштита од сите видови и облици на пренапони (транзиенти). Составен дел на уредот е двостепено EMI/RFI бифиларно филтрирање како и специјална дијагностика за состојбата на заземјувањето. Примена: Овие уреди се специјално дизајнирани и наменети за заштита на електричните уреди од пренапонските појави и неквалитетно напојување. Фокусирани се на постојано следење на брановата форма и филтрирање на мрежното напојување од таканареченото “загадување” на мрежата, фреквентниот шум и напонските нечистотии генерирани во мрежата за напојување. Овие уреди имаат посебен дизајн за заштита и подобрување на работата на софистицирани уреди како што се компјутерите, серверите и друга ИТ опрема како и заштита на софистицирани осетливи уреди кои се среќаваат кај Радиодифузните оператори, Телеком оператори, Медицински установи, Опреми за надгледивање, Индустријата, Воените постојки и слично.
Достапност:Има залиха
Продавач:АЦДЦ-ДЦАЦ
Земја на потекло:Македонија
Гаранција:1 година
Минимална количина за нарачка:1
профил на компанијата
АЦДЦ-ДЦАЦ
- Опис на компанијата:АЦДЦ-ДЦАЦ е специјализирана компанија за производство на Повеќестепени Пренапонски Заштити, инжињеринг, комплетна изведба и инсталација на уреди кои обезбедуваат заштита и непрекинато електрично напојување: УПС-уреди, Напонски Стабилизатори и уреди за Енергетска ефикасност. Долгата референтна листа на изведени проекти и инсталации во изминатите години се должи на нашата целосна посветеност на потребите на клиентите во давањето на техничката помош и подршка во фаза на предизведба, инсталација и пост-продажно сервисно одржувaње. Компанијата АЦДЦ ДЦАЦ ви става на располагање професионален и искусен тим спремен да ви понуди високо-квалитетни производи и решенија според вашите потреби. Палетата на производите кои ги нудиме опфаќа: - Повеќестепени Пренапонски Заштити; - УПС - Уреди за Непрекинато Напојување (од 200W до 4МW); - Напоски Стабилизатори (од 500W до 500KW); - Инвертори, ДЦ Напојувања, Батерии; - Уреди за Енергетска ефикасност
- Име на контакт лице:Ivan Popovic
- Адреса:Dane Krapcev no.2/1
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:+389 70 244775
- Телефон #:+389 2 3216 988
- Факс #:+389 2 3216 993
- Година на регистрација:1994
- Локација на мапа:Прикажи