Заштита на купувачите
Со MarketKonekt имате потполна сигурност кога купувате на Интернет.
За да купувате безгрижно, ви обезбедуваме заштита при купување - од правењето на нарачка, сѐ до преземањето на производот.
Што е важно за сигурно купување?
1. Добро информирајте се за производот пред да го нарачате
- Фотографијата заедно со галеријата визуелно го претставува производот. Ако постоечките фотографии се недоволни или со лош квалитет, побарајте од продавачот да ви испрати други.
- Во описот и останатите информации за производот дознавате за неговите карактеристики, гаранција, сервис, и сл. Ако се недоволни, контактирајте го продавачот за сѐ што ве интересира.
2. Внимателно прегледајте го начинот на плаќање
- Исклучиво плаќајте на начините што продавачот ги понудил.
- Кога плаќате пред достава следете ги сите детални инструкции кои ги добивате од MarketKonekt на вашиот e-mail (име и жиро-сметка на продавачот, вкупен износ и име на производот што сте го нарачале).
- Кога плаќате при доства секогаш проверете го испорачаниот производ - дали е истиот што сте го нарачале и дали е исправен. Прегледајте ги и податоците на документот за превземање - треба да се совпаѓаат со податоците од нарачката.
- Кога избирате плаќање и достава на продажно место платете лично и во готово при самото превземање (не на жиро-сметка на продавачот).
3. Видете како е оценет производот - оцената е мерило за доверба
- Поголемиот број на оцени за одреден производ значат дека продавачот извршил повеќе трансакции. Ако се позитивни укажуваат дека продавачот е од доверба.
- Ако продавачот има малку оценки за производите (или воопшто не е оценет) тоа е знак дека е нов член на MarketKonekt. За дополнително да се осигурате, посебно ако некоја информација ви недостасува, контактирајте го продавачот и разјаснете ги нејаснотиите пред да го нарачате и платите производот.
- Не заборавајте - производите ги оценуваат само купувачите и со тоа ви го пренесуваат нивното искуство. Понекогаш додаваат и коментари што дополнително ви помагаат за да сте сигурни во одлуката.
Како купувате безбедно?
1. Добивате проверени податоци за продавачот
- Сите продавачи на MarketKonekt се проверени и се регистрирани компании за трговија во Р.М.
- Сите продавачи на MarketKonekt самите ви ги пренесуваат сите податоци што ви се потребни за купувањето.
- Секогаш контактирајте со компаниите преку пораки во системот на MarketKonekt. Контакт информациите на продавачите се проверени, а вашите пораки се зачувани на сајтот и во секое време може да ги проверите.
- Во случај да купувате вон системот на MarketKonekt, не може да ја користите помошта и заштитата од MarketKonekt.
2. Добивате гаранции од продавачите - како продавачи на MarketKonekt тие се обврзани:
- Да ви овозможат враќање на производот во рок од 8 дена по превземањето ако тој не соодветсвува со описот и останатите информации објавени на MarketKonekt. Во овој случај контктирајте го продавачот за да договорите како ќе го вратите производот - тој е обврзан и да ги сноси трошоците за враќање.
- Да ви обезбедат можност за замена на производот во рок од 15 дена по превземање ако е со соодветен квалитет но не ви одговара поради некоја причина (на пр. модел, големина, боја,...). Во ваков случај трошоците поврзани со замената ги сносите вие.
- Да ви ги обезбедат сите законски права како потрошувачи.
Што да направите во случај на проблематично купување?
Обидете да стапите во контакт со продавачот преку системот за пораки на MarketKonekt за да најдете заедничко решение.
- Ако самите не сте успеале да го решите проблемот со продавачот, тогаш обратете се со e-mail до MarketKonekt () за да доставите број на трансакција и скенирана или електронска верзија од вашата уплатница во рок од 15 дена од плаќањето.
- Сочекајте 15 дена по пратените e-mail/уплатница - во тој рок тимот на MarketKonekt ќе се обиде да ја реши настанатата ситуација со продавачот.
Како сте заштитени при купувањето?
MarketKonekt ви рефундира 1.000 ден. ако:
- Сте му платиле на продавачот на негова жиро-сметка (на начин и според податоци што сте ги добиле од MarketKonekt), а тој неуспешно ви го доставил производот.
- Не можете сами со продавачот да го решите проблемот и го пријавите проблемот на тимот на MarketKonekt во рок од 15 работни денови од извршената уплата.
- Продавачот и понатаму одбива да ви ги врати парите или да ви го испорача производот.
- Комуникацијата за процесот на купување, настанатиот проблем и обидот да го разрешите со продавачот се одвивала исклучиво преку системот на MarketKonekt.
Заштитата со рефундирање може да ја користите до два пати годишно, исклучиво со добра намера.
За повеќе детали околу начинот на купување информирајте се на овој линк.