00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Базен Дамјан 1


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Базен Дамјан 1

    Сите типови на базени се изработени од современи композитни материјали со полиестерски смоли и безалкално стаклено влакно (мат и ровинг ) додека првиот слој е офарбан по желба на инвеститорот со џелкоат (изофтална смола) кој што е отпорен на ултравиолетови зраци и хемиски агресивни флуиди (хлор и алгицид).Во попречен и подолжен пресек базените има хоризонтални подолжни ребра кои служат за укрутување а хоризонталните и вертикалните агли се заоблени.Од надворешна страна базените се појачани со метални и пластични профили за да ги прифатат внатрешните и надворешните сили. Пластичните базени се монтираат на претходно изработен ископ тампониран со 15-20 см. излиена армирано бетонска плоча од 10-12 см.Делот под скалите ќе се користи како шахта за машинскиот дел. За правилно функционирање на базените треба да се постават базенски елементи и тоа : скимери, инлети, дизни,сифон, филтер , светла и потребна електрика. Исто така изработуваме и тобогани од армиран полиестер како и сите додатни елементи потребни за базените.

    Димензии: L - 600cm; D - 240cm; H - 150 cm
  • Категорија:Базени
  • Продавач:2001 Оскарпласт
  • профил на компанијата

    2001 Оскарпласт

    • Опис на компанијата:Oскарпласт е една од водечките компании за производство на производи од армиран полиестер. Нашите производи ги пласираме на пазарот во Македонија, Косово и Албанија. Во производниот програм на Оскарпласт се вбројуваат многу производи и тоа: • Изработка на базени од армиран полиестер • Пречистителни станици за третман на отпадни води • Маслофаќачи • Сепаратори • Резервоари за вода и нафта • Комплет урбана опрема-детски игралишта • Чамци, глисери, јахти • Многу други производи и можност за нарачка по барање на купувачите Компанијата е основана во 1990 год. и е 100% приватна сопственост. Лоцирана е во индустриската зона во Струга со вкупна површина од 2500 m2, од кои на 1000 m2 се простира производната хала, администрација и магацини. Фирмата брои 12 вработени кои се одликуваат со квалификации за конкретната област како и со висок степен на професионализам. Од 1990 год. па се до денес, фирмата има воведено квалитетен систем на производство и монтажа на производи од армиран полиестер. Ние како фирма го водиме секој проект од идеја до реализација и тоа гледано од секој аспект на проектот кое вклучува планирање, производство, инженеринг и монтажа. Од секогаш сакаме да градиме добри односи со нашите клиенти. Нашиот начин на искажување благодарност на купувачите е континуираното обезбедување на најквалитетни производи и услуги. Нашата компанија ги поседува сертификатот за квалитет ISO9000:2008 и сертификатот за животна средина ISO14001. Ве покануваме да ја посетите нашата компанија за да имаме можност да дискутираме како можеме да ви помогнеме кон понатамошната реализација на вашите барања и потреби.
    • Име на контакт лице:Марина Хаџиевска
    • Адреса:Индустриска б.б.
    • Град:Струга , Македонија
    • Мобилен #:070 212813
    • Телефон #:046 700947
    • Факс #:046 700947
    • Локација на мапа:Прикажи



    046700947

    корисничка поддршка