Опис на компанијата:Препознатливи по својот единствен стил, по изворедниот квалитет , конкурентни цени,
извонредно вкусната храна, секогаш подготвена од најсвежи производи, приготвена од врвни мајстори, сервирана според последните кулинарски трендови.
Далма Фоод & Кетеринг сервис Ви нуди мениа подготвени да ги задоволат сите Ваши желби, замисли, фантазија и од вашиот настан да создаде прекрасни спомени.
Менијата кои ги нудиме ги следат Вашите желби и можности, вклучуваат традиционалната кујна, егзотични закуски, морски плодови, современи коктел ордевери, посебни комбинации за приватни и деловни вечери, детски менија, сендвичи, салати, менија за посебни прилики (филмски кетеринг, снабдување на компании со оброци и др.).
Далма Фоод & Кетеринг не е само храна. Таа е комплексен систем на услуги кои ви се потребни за да ги организирате Вашите свадби, интимни семејни веселби, коктели и ВИП приеми со илјадници гости, промоции, отварања, церемонии, деловни ручеци и вечери, приватни забави и журки. Далма Фоод & Кетеринг е тука за да ви помогне со секој елемент од организацијата – храна и пијалок, опрема за кетеринг (маси, столови, декорации и др.), шатори и тенди, опрема за озвучување и осветлување на простор и настани, бини и пропратни елементи, видео опрема (LCD монитори, LCD проектори, платна и др.), опрема за преведување (слушалки за симултан превод и кабини), како и друга опрема за организација на настани.
Дозволете сите Ваши интимни моменти, свадби,семејни свечености и прослави од различен карактер, деловни состаноци, да ги организираме во прекрасниот амбиент на Вила Ина. Уживајте во природниот амбиент, во прегратките на падините Водно, со волшебен поглед кон Скопје!
Создавањето на приказната за ДАЛМА - приказна која реди успеси веќе девет години!
А Вас, Ве покануваме да ни дозволите да ги реализираме вашите желби и да ги почувствувате ефектите на најпрофесионалниот кетеринг. Со нас може да почувствувате како е да "Бидете гостин на сопствената забава“!
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје