Други метали и производи од метал
Градежни скелиња и елементи
Градежното скеле и елементите на градежното скеле се произведуваат со постапка на метал штанцање, пробивање и втиснување и виткање.
Составни елементи за градежно скеле:
- челични шавни цевки Ф48,30 х 3,0-3,6 мм;
- фиксна стега (жабица) - за поврзување на две цевки Ф48,30 мм под прав агол;
- рото стега (жабица) - за поврзување на две цевки Ф48,30 под агол од 0 до 360°;
- продолжеток (наставок) - за продолжување на две цевки Ф48,30 на местото на јазлите;
- папуча - за спроведување на вертикалните товари од скелето на тлото.
Примената на градежното скеле е широка. Монтажата и демонтажата на ова скеле е едноставна и брза, без употреба на дигалка, но со неопходна стручна оспособеност на градежниот работник. Се применува за изведување на ѕидарски и фасадерски работи во градежништвото, во останатите индустрии при изградба и одржување на висинска опрема, постројки и уреди, како и при изработка на потпорни конструкции.
Складирањето и транспортот се едноставни и брзи бидејќи тоа завзема мал простор, а елементите се лесни.
Термоизолационо стакло
Направено од две или повеќе стакла, одвоени со лајсна исполнета со материјал-текасил, овозможува звучна и термичка изолација, до толку повеќе, до колку слободниот простор се потполни со аргон. Истото може да се искомбинира и со калено или ламинирано стакло, заради дополнителна цврстина и заштита. Особено погодно е за домовите, заради својството да ја зачува топлотната енергија во зимскиот период.
Откуп на електронски отпад
Главната дејност на НОВOМЕТАЛ се фокусира на обновување и трговија со метал и елементи кои во својот состав содржат метал како стари возила, отпад од електрична и електронска опрема, разорен материјал и други видови на отпад. Нашите активности исто така се фокусираат на обновување и трговија со неметален отпаден материјал кој потекнува од отпад од електрична и електронска опрема, стари возила како и други видови на отпад. Отпадот е собран и процесиран во објектите на нашата компанија со цел да се снабди пазарот првенствено со секундарни суровини од челик, бакар, месинг, железо и алуминиум.
Метални кутии
|