Поликолор Екстра боја
ПОЛИКОЛОР ЕКСТРА е бело акрилатно премазно средство на водена база, наменето за завршна заштита и декоративна обработка на внатрешни ѕидни површини. Може да се разреди со вода (до 20%), и да се нијансира со ПОЛИКОЛОР ПИГМЕНТ или со ОБОЕН ПОЛИКОЛОР. Пакување: 0.75л, 3л, 5л, 15л. Потрошувачка: 1л за околу 5м2 со две премачкувања. Складирање: Во сува просторија на температура од 5C до 35C. Рок на употреба: 18 месеци во оригиналното пакување. ДА СЕ ЧУВА ОД ЗАМРЗНУВАЊЕ.
Пигменти FEPREN
PRECHEZA нуди комплетена палета на бои на оксидни пигменти под трговскиот назив FEPREN. Бои: црвен, кафен, црн, жолт, зелен (кој не е оксиден туку хром оксид). Стандардните Fepren прашкасти пигменти на Precheza, во согласност со современите трендови, се надополнети со таканаречени непрашкасти пигменти-течни пигменти во многу бои и нијанси, како и гранулирана форма на црвениот пигмент TP303. Основни карактеристики и апликација: Прашкастите пигменти се фино и суво мелени и имаат многу висока способност за обојување, висока растворливост и добра дистрибуција на честичките. Докажана е висока трајност на нијансите и отпорност на температури дури до 800 оC, како и отпорност на алкали и сите временски прилики. Применливи се за производсто на основни и водени бои, премази и полнила, во градежништвото за цементни малтери, обојување на бетонски производи како што се керамиди, терацо, подни павер елементи, се употребуваат и за обојување на каучукови смеси, пластика, подни прекривки, производсвто на керамички бои, стакло и уште многу други апликации зависно од бојата. Контактирајте не за да добиете најдобра понуда.
Детонаторскиот фитил
Детонаторскиот фитил е експлозивно средство кое служи за пренос на детонацијата од Рударската каписла бр. 8 или електричниот детонатор до минското полнење.
TRAYAL Корпорација произведува детонаторски фитили со 10 грама и 12 грама експлозивно полнење по должински метал со ознаки P-10 и P-12.
Детонаторскиот фитил успешно се користи на површинските копови, во јамите каде што нема метан и јаглена прашина, во каменоломите како и за разни видови специјални површински и подводни минирања.
Детонаторските фитили P-10 и P-12 не смеат да се користат во јамите со метан и јаглена прашина.
Детонаторскиот фитил се намотува на калеми кои се пакуваат во кутии со димензии 240x240x850mm и тоа по четири калеми во секоја кутија.
Пакувањето на детонаторскиот фитил е прилагодено според АДР/97 прописите.
Гарантниот рок на употреба подразбира складирање на фитилот во суви и проветрени простории каде температурата не го поминува опсегот од -20C до +30C, односно релативната влажност не преминува 75%.
Гарантниот рок на употреба, под пропишаниот начин на складирање е неограничен.