Материјали за изолација од влага
Кровопокривачки фолии Würth
Фолии за покривање на кров Wurth:
• ВОДОНЕПРОПУСНИ, ПАРОПРОПУСНИ ФОЛИИ:
*Wurth Top 92 [Арт. бр. 1681 001 092; 40 ден за м2;
за директно поставување на термоизолација;
исклучиво кај покривни конструкции без дрвена оплата;
паропропусен слој;
слој со дифузни отвори]
*Wurth Top 132 [
Арт.бр. 1681 001 132;
за директно поставување на дрвена оплата/даска;
кај проветрени и непроветрени покриви;
РР слојот спречува лизгање.]
• ФОЛИЈА ЗА ЛАДНИ ПОКРИВИ:
*Wurth Top Cool:
[Арт. бр. 1681 002 130; 45 ден за м2;
особено погодна за ладни покриви;
се поставува на даски или OSB пред лепење на шиндра;
OSB („Oriented Strand Boards“) се плочи произведени од
тенко и широко иверје со метода на лепење и пресување.]
• ПОКРИВНИ ФОЛИИ / ВОДОНЕПРОПУСНИ – ПАРОПРОПУСНИ ФОЛИИ:
[Паропропусната фолија мора да биде поставена почнувајќи од дното, паралелно со надстрешницата,
лесно затегната. При поставување мора да се води сметка за минимално преклопување од 10 – 15 см
(до обележените линии). Ако вообичаениот пад на покривот е со помал нагиб (максимално 6°),
деловите мора да се преклопат најмалку 20 см и да бидат залепени едни под други со одговарачка
леплива лента.]
• ВНАТРЕШНИ ФОЛИИ – ПАРНИ БРАНИ
*WURTH DB 90 :
[Арт. бр. 1681 000 090; 24 денари м2;
Еластична и отпорна на кинење благодарејќи на
вградената мрежеста ткаенина;
Спречува губење на топлина настаната како последица
на непотребни воздушни струења;
Спречува заситеност на термо изолацијата од влага на
страната свртена према внатрешноста на просторот и
редукција на изолацискиот ефект настаната како
последица на тоа.]
Градежни скелиња и елементи
Градежното скеле и елементите на градежното скеле се произведуваат со постапка на метал штанцање, пробивање и втиснување и виткање.
Составни елементи за градежно скеле:
- челични шавни цевки Ф48,30 х 3,0-3,6 мм;
- фиксна стега (жабица) - за поврзување на две цевки Ф48,30 мм под прав агол;
- рото стега (жабица) - за поврзување на две цевки Ф48,30 под агол од 0 до 360°;
- продолжеток (наставок) - за продолжување на две цевки Ф48,30 на местото на јазлите;
- папуча - за спроведување на вертикалните товари од скелето на тлото.
Примената на градежното скеле е широка. Монтажата и демонтажата на ова скеле е едноставна и брза, без употреба на дигалка, но со неопходна стручна оспособеност на градежниот работник. Се применува за изведување на ѕидарски и фасадерски работи во градежништвото, во останатите индустрии при изградба и одржување на висинска опрема, постројки и уреди, како и при изработка на потпорни конструкции.
Складирањето и транспортот се едноставни и брзи бидејќи тоа завзема мал простор, а елементите се лесни.
Бехатон плочки - Дупло Тe
Ширина 20 cm; должина 16 cm; висина 8 cm; 34 m2; Боја: сива, црвена, жолта.
ISO-PRIMER
|


