Изведба на инсталации
Станови во комплекс Адора Diamond Garden (Скопје Карпош - Тафталиџе)
ЕЛИТЕН СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС ДИЈАМАНТСКАТА ГРАДИНА НА АДОРА
ВОВЕД НА СВЕТСКИОТ ТРЕНД НА ЗЕЛЕНОТО ДОМУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
Уникатен станбено-деловен објект во Македонија, со екстериерен и ентериерен дизајн инспириран од зелениот дијамант, прекриен со многу стаклени површини и дијамантски структурни црти, лоциран на атрактивна локација во Тафталиџе, ул. Московска, во Општина Карпош, Скопје. Комплексот во близина на трговски центри и маркети, основни и средни училишта, студентски дом, спортски центар, угостителски објекти и други објекти, со поглед и свеж воздух од падините на Водно, на дофат на развиена инфраструктура и главните сообраќајни артерии во Скопје, нуди одлични услови за урбано, квалитетно и зелено домување со лесно функционирање на станарите и за успешни бизниси во градското подрачје на Скопје. Сите четири агли на комплексот имаат впечатлив дизајн во форма на дијамант со прекрасни визури од ентериерот кон надворешниот амбиент. Комплексот на десет ката располага со модерни квалитетни станови со површина од од 30 м², 50, 70, 85, 90, 110 и 200 м², со вертикална комуникација во централното јадро на објектот, со два влеза и четири супер брзи лифтови. Уникатноста на објектот е неговиот ентериер кој се темели на два засебни отворени средишни простори со стаклен покрив, таканаречени атриуми, централно јадро каде се изведени вертикалните комуникации на објектот, кои претставуваат извор на изобилство на природна светлина и природна вентилација со циркулација на свеж воздух во целиот комплекс. Централниот внатрешен атриумски дел е заштитен од атмосферските влијанија со стаклена лантерна. Посебна атракција и ексклузивност се внатрешните зелени градини кои се простираат долж целата висина на објектот со декорација од дрво. Во централниот дел на ентериерниот концепт има посебно осмислена заедничка просторија, со изобилство на детали, оплеменета со многу зеленило и одлични услови за пријатно заедничко дружење на станарите. На приземниот дел во објектот има 13 ексклузивни деловни простории од 50 м² до 1.100 м² со можност за спојување, посебна предност е катната висина од пет метри што нуди можност за обезбедување дополнителен простор за галерија, со високи излози и директен пристап од главната улица. Објектот располага со голем број сопствени подземни паркиралишта и паркиралишта на партер. Во внатрешноста на зградата на десет ката има 136 станови, распоредени по седум станови на кат, што овозможува интимност и приватност во живеењето на станарите, со услови за хумано домување во урбаната градска зона на Скопје. Објектот има два влеза, четири екстра брзи модерни лифтови и застаклени скалишта. Со уникатниот ентериерен концепт, објектот Адора Diamond Garden, сместен на атрактивна локација во фрекфентна урбана зона во Скопје, буди чувство кај граѓаните како да живеат во дијамантска градина, со многу природна светлина и зелен амбиент, што на станарите и посетителите на објектот им нуди домување и престој во сопствен зелен рај во македонската метропола.
Пластифициран лим во форма на ќерамиди
А-М Стил ви нуди пластифициран лим во форма на керамида, ребруван на ленти; во котури. Дополнително нудиме челични конструкции, материјали за кровопокривање, градежна лимарија и полукружни и кружни олуци од пластифициран лим.
Соларен систем SUSTAV CSL 25 RN CSL 25 RN PLUS
Целосно решение за производство на топла санитарна вода со присилена циркулација. Составено е од сите потребни елементи, а предноста е лесното вградувањето на системот. Целото решение се состои од: - Соларен колектор CSL 25 R со високо ефикасен абсорбер TINOX. - Хидраулични групи Riello SOLAR RS, безбедносни вентили, рачен регулатор на проток и соларен регулатор - Експанзионен сад за високи температури. - Бојлер RIELLO 7200/2 PLUS, со два реда емајл. - Неотровен биоразредувачки антифриз. - Термостатска мешалица за оптимизација на системот (1 "). - Диференцијален регулатор SUN 2 PLUS 2R
Изведба на инсталација за поврзувањ ...
| Klimatizacija ventilacija i greejne
|


