Магнум плочи за изолација
Магнум плочите (Магнезиум Оксид или МГО плочи) се современ градежен материјал за надворешно обложување на фасади, кои нудат повисок квалитет во споредба со веќе постоечките градежни материјали. Магнум плочи - плочи за изолација кои се достапни во дебелина од 3мм- 25мм.
• 8мм- 5,5 еур м2
• 12мм- 7,5 еур м2
• 15мм- 9,5 еур м2.
Овие цени се без ддв и без монтажа.
Овие цени ги користиме претежно за поголеми количини, половина или цел контејнер нарачка.
Пигменти FEPREN
PRECHEZA нуди комплетена палета на бои на оксидни пигменти под трговскиот назив FEPREN. Бои: црвен, кафен, црн, жолт, зелен (кој не е оксиден туку хром оксид). Стандардните Fepren прашкасти пигменти на Precheza, во согласност со современите трендови, се надополнети со таканаречени непрашкасти пигменти-течни пигменти во многу бои и нијанси, како и гранулирана форма на црвениот пигмент TP303. Основни карактеристики и апликација: Прашкастите пигменти се фино и суво мелени и имаат многу висока способност за обојување, висока растворливост и добра дистрибуција на честичките. Докажана е висока трајност на нијансите и отпорност на температури дури до 800 оC, како и отпорност на алкали и сите временски прилики. Применливи се за производсто на основни и водени бои, премази и полнила, во градежништвото за цементни малтери, обојување на бетонски производи како што се керамиди, терацо, подни павер елементи, се употребуваат и за обојување на каучукови смеси, пластика, подни прекривки, производсвто на керамички бои, стакло и уште многу други апликации зависно од бојата. Контактирајте не за да добиете најдобра понуда.
Термо блокови Нексе (Nexe)
Енергетско ефикасен термо блок кој штеди време и пари. Термо блокот во процесот на производство содржи мала количина на адитиви и додатоци, во согорувањето на блоковите се формираат мали шуплини (пори) со кои се обезбедуват одлични термички изолациони својства. Благодарение на порозноста има помалку потрошувачка на малтер и заштедува време во текот на изградбата.Во исто време, дебелите надворешните ѕидови обезбедуваат добра звучна изолација. Термоблокот е направен исклучиво од природни материјали (глина и струготини), без синтетички адитиви по европски стандарди и норми.