00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

Системи за автоматско гаснење на пожар со INERGEN


  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:Системите за автоматско гаснење на пожар со Inergenпретставуваат мешавина од природни инертни гасови – Азот 52%, Аргон 40% и Јаглерод Двооксид 8%.
    Инергените се средства за гаснење на пожари кои што го прекинуваат процесот на горење на тој начин што го исполнуваат штитениот простор, го истиснуваат воздухот и на тој начин го менуваат квантитетот на гасот во просторот. Инергените ја намалуваат количината на кислородот под 15% до ниво на кое повеќето забаливи материи не можат да горат, истовремено го зголемуват присуството на јаглерод двооксид помеѓу 2% и 4,5% со тоа стимулирајќи го човековото дишење. Оптимални резултати на гаснење се постигнуват кога концентрацијата на кислородот во просторијата што се штити е помеѓу 12% и 14%, а концентрацијата на Јаглерод двооксид е помеѓу 3% и 5%.
    Инергените наоѓаат типична примена за заштита на : компјутерски простории, командни простории, електронска опрема, трафостаници, архиви, музеи и сл.
    Инергените се чисти средства за гаснење кои не оставаат остатоци, не се корозивни и електрички не се спроводливи.
    Инергените се складираат во боци под притисок од 300 бари. Притисокот после вентилот на боцата паѓа на 200 бари, а после регулаторот на излез од колекторската цевка е помал од 60 бари. Системите со инергени можат да се користат за мултизонско гаснење на различни простории. Сместувањето на боците може да биде оддалечено од просторијата и до 100 метри, а препорачливо е боците да бидат во посебна просторија.
  • Достапност:Контакт
  • Продавач:Биспаг Пастор
  • профил на компанијата

    Биспаг Пастор

    • Опис на компанијата:Фирмата “БИСПАГ Противпожарна Техника” Дооел е специјализирана фирма од областа на противпожарна заштита,истата е екипирана со стручен кадар за заштита од пожари, квалификувани сервисери за одржување на противпожарната опрема (Противпожарни апарати и хидрантска опрема), системи за заштита од пожари,стабилни системи, автоматско гасење на пожар и други инсталации. Нудиме комплетна противпожарна заштита за правни и физички лица.
    • Име на контакт лице:Марија Кукуноска
    • Адреса:Македонско Косовска Бригада бб,Скопје
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Мобилен #:075404-915
    • Телефон #:2611286
    • Факс #:2611286
    • Година на регистрација:1971
    • Број на вработени:15
    • Процент на извоз:25
    • Локација на мапа:Прикажи



    02611286

    корисничка поддршка