Опис на компанијата:Друштво за заштита на авторските права МАКАРА ДОО Скопје со својата дејност опстојува на македонскиот пазар на услуги од 1993 година. Целна група на нашите услуги се сите издавачки друштва, научно образовни, културни и други институции како и владини и невладини организации кои ангажираат надворешни соработници кои со својот интелектуален и творечки труд учествуваат во реализација на нивни проекти. Нашата услуга е во делот на застапување на авторите (соработниците) склучување на договори и исплата на авторски хонорари за истите, водење на евиденција за приходите и уплатениот персонален данок, како и доставување на ПДД-ГИ до УЈП за приходи и уплатен персонален данок. Воедно по завршување на годината секој автор (соработник) добива потврда за своите приходи и уплатен персонален данок која ќе му послужи при изготвување на личната годишна пријава за остварени приходи до УЈП. Со отстапување на овие работи на нашата агенција Вие добивате повеќе време за дејноста со која се занимавате како и побрз пристап до Вашите целни групи.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје