Опис на компанијата:http://moedete.mk
Најголемиот степен на развивање кај децата се случува во најраната возраст. За жал, децата од неанглиско говорно подрачје се соочени со недостаток на квалитетни едукативни содржини, а тоа е сè повпечатливо кај помалите заедници. Со користење на предностите кои ги нудат новите технологии, моедете.мк е фокусирано на развивање на висококвалитетни едукативни пакети на мајчин јазик по пристапни цени.
Зошто
Состојбите во нашето образование, недостатокот на квалитетни содржини на мајчин јазик, како и традиционалниот модел на едукација (ист пристап за сите), не ги искористуваат предностите на иновациите од денешницата.
Како
Учењето преку друштвен ангажман, како и соодветно дизајнирани и анимирани содржини е забавно. А, кој не сака да се забавува? :)
Запознавање:
Користејќи персонализирани материјали учителот (старателот) го запознава детето со темата и преку основни прашања и објаснувања го мотивира детето, му ја укажува целта и што ќе му биде потребно да ја достигне истата.
Вежбање:
Со задавање на забавни предизвици детето преку игри и интерактивни содржини го надградува своето знаење. Во оваа фаза детето прави стратегија, ги користи своите вештини и навики, и преку завршување на задачите учи, истражува и вежба.
Примена:
Во оваа фаза децата преку дела, игри, презентации, тимски или поединечно го применуваат и демонстрираат стекнатото знаење, со што се создава одговорност и поголема мотивација, како и анализа како го стекнале тоа знаење.
Со што
Користејќи го мајчиниот јазик, квалитетно дизајнирани и печатени материјали, оптимизирани веб апликации и игри, играчки, друштвени игри...
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје