ФИЛТРАЦИЈА НА ВОДАТА-Автоматски филтри-ДЕХЛОТИНАТОРИ-ФИЛТРИ СО АКТИВЕН ЈАГЛЕН
|
- опис на производот
- профил на компанијата
опис на производот
Опис на производот:Филтрите со активен јаглен работат на принцип на апсорпција која како фаза од преработката може да се вклучи по потреба во секоја линија за преработка. Апсорбентот е активен јаглен во гранулирана форма кој може да отстрани 75-95% од присутните органски материи во водата. Поради присуството на органски материи, водата најчесто има непријатен мирис и вкус, кои дополнително се влошуваат преку претходното хлорирање, Каде хлорот реагира со трагови на фенол во водата и дава медицински вкус од формираниот фенол хлор, во овој случај активниот јаглен врши т.н. деодорација на водата. Активниот јаглен ефикасно го врзува резидуалниот хлор од водата кој е непожелен да дојде во јонските изменувачи и уредите за реверзна осмоза. Активниот јаглен ги апсорбира органските материи со мала молекуларна маса, активниот хлор, хлорамините, органските супстанции од водата и придонесува за подобрување на нејзниот мирис и вкус..
Достапност:По нарачка
Продавач:ЦВГ Груп
Гаранција:1 година
Минимална количина за нарачка:1
профил на компанијата
ЦВГ Груп
- Опис на компанијата:Почитувани посетители, Широкиот спектар на понуда на производи и компоненти кои ги нудиме овозможуваат решенија за секој вид за објект, но исто така даваат можност корисникот да модифицира, промени или ја подобри постојната опрема. CWG групацијата со свои компании во повеќе од 20 земји и дистрибутери во 50 земји е една од најголемите производители/дистрибутери во Европа на апарати и опрема за преработка и обработка на водата. Креираме инсталации, во согласност со буџетот, работењето и одржувањето, имплементирани во согласност со Вашите потреби. Нашето долгогодишно искуство и опрема со докажан квалитет обезбедија висока сигурност. Ние ја превземаме одговорноста за следење на ефектите од имплементација и одржување на опремата, оставајќи клиентот слободно да се концентрира на својата основна работа. Врз основа на нашата експертиза, оптимизацијата на вашите постоечки објекти и процеси ги правиме поефикасни. Тоа е сила што нè прави особено посакуван партнер во третманот на вода. Ориентирани кон клиентите, флексибилни и способни брзо да одговориме на барањата на нашите клиенти, ги прикажуваме на дело проектите со кратко време на испорака и по најконкурентни цени. Со идентификување на слабоста за утрешнината, денес, станавме врска меѓу традиционалните искуства и високата технологија на иднината. Нашата намера е да им понудиме на нашите клиенти имплементација на најнова технологија за третман на вода во индустријата и домаќинствата, зголемување на квалитетот и конкурентноста на нашите клиенти, како и намалување на трошоците за производство на вода. За сите прашања, предлози, совети и консултации Ви стоиме на располагање. Со почит, CWG Group, d.o.o Претставништво за Македонија
- Име на контакт лице:Сашо Пандилов
- Адреса:ТЦ Буњаковец сутерен лок.11
- Поштенски број:1000
- Град:Скопје , Македонија
- Мобилен #:070231102
- Телефон #:(02)3163062
- Факс #:02 3118 698
- Локација на мапа:Прикажи