00

Најава во твојот профил




Нов корисник? | Заборавена лозинка?

  • Јазик

АВТОМАТСКИ КОТЕЛ НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ECOLOGIC

12%заштеда

АВТОМАТСКИ КОТЕЛ НА ПЕЛЕТИ THERMOFLUX ECOLOGIC

Цената е со вклучен ДДВ
274.660 ден. 241.701 ден.

  • опис на производот
  • профил на компанијата
опис на производот
  • Опис на производот:EcoLogic автоматски котел на пелет

    - Специјално ложиште со температурно отпорен шамот.
    - Автоматско чистење на цевните изменувачи и ложишето.
    - Потполно искористување на енергенсот со минимална емисија на гасови.
    - LCD екран во боја, чувствителен на допир.
    - Поврзување со интернет и целосна контрола на котелот.
    Достапен во јачини: 25kW, 35kW, 44kW
    Чистење на котелот по 1000 kg потрошени пелети.

    Чистење на котелот еднаш годишно.

    Котелот EcoLogic е котел од највисока класа во рангот на најсовремените и најмодерни котли на Европскиот пазар. Создаден е како резултат на соработката меѓу нашите професионалци со реномирани институти во Германија и Австрија.

    Котелот е опремен со еден од најсовремените регулатори со TFT екран во боја чувствителен на допир. Управувањето и контролата на самиот котел е многу едноставна.

    Регулаторот поддржува спојување со 3 циркулациони пумпи, мотор за мешачкиот вентил и акумулационен резервоар за топла вода. Прилагодлив на 10 различни начини на спојување на инсталации на централно греење.

    Зошто е најдобар?

    Ложиштето на котелот е обложено со специјален шамот кој овозможува висока температура на согорување а со самото тоа и висок степен на искористување на енергенсот. Котелот има систем за автоматско чистење на решетката во ложиштето и цевните изменувачи што овозможува потпала и беспрекорна работа на котелот. Чистење на кутијата за пепел е потребно по потрошени 1000kg пелети. Комплетно чистење на котелот е потребно да се изврши еднаш годишно.

    Можноста за поврзување со интернет како и управувањето на работата на котелот со помош на надворешен термостат му овозможуваат на корисникот висок комфор со минимална цена за греење.
    Дополнителна опрема:

    Како дополнителна опрема може да се нарача модул за спојување преку интернет кој е компатибилен со сите Android, IOS и Windows уреди. Корисникот може преку апликации да има потполна контрола над котелот (уклучување/исклучување, промена на јачина, температура и програма)
    Исто така модулот може да се поврзе со надворешен термостат, со чија помош регулаторот ја контролира работата на котелот и температурата на водата врз основа на надворешната температура.
    Дадената цена е за модел Ecologic 35kW. Можност за плаќање на 12 рати без камата!.
  • Достапност:Има залиха
  • Продавач:Техно Ауто
  • Земја на потекло:Босна и Херцеговина
  • профил на компанијата

    Техно Ауто

    • Опис на компанијата:Опрема за Греење и Климатизација | www.tehnoauto.com.mk | ТЕХНО АУТО ДООЕЛ е формирана ноември 1990 година, со основна дејност увоз - извоз и трговија на големо и мало. Главните дејности и делокруг на работење на фирмата е во правецот на ГРЕЕЊЕ, КЛИМАТИЗАЦИЈА И ВЕНТИЛАЦИЈА. ТЕХНО АУТО располага со сопствен деловен простор и продавница, како и лесен товарен транспорт за доставување роба до добавувачите. За сите наши производи имаме обезбедено сервис и резервни делови, а нудиме и помош при проектирање и инженеринг на секакви видови инсталации од областа на греење, климатизација и вентилација во соработка со искусни и проверени проектанти, докажани низ нашиот долгогодишен ангажман. Во нашиот асортиман на производи се наоѓаат: котли и камини на пелети и дрва, пелети, котли на нафта и гас, алуминиумски и панелни радијатори, фенкоилери, чилери, клима комори и целосна опрема за инсталација. ТЕХНО АУТО е генерален застапник за Македонија на следните фирми со производен програм од областа на греење, ладење, вентилација и климатизација: ThermoFLUX од БиХ, Topling од БиХ, Pekpan од Турција, Ecoflam од Италија, Kostopoulos од Грција, Aliseo group од Италија (Eden, Mekar, Venco), Rhoss од Италија, K-Flex од Италија.
    • Име на контакт лице:Продажба
    • Адреса:бул.Јане Сандански 9-А лок.16
    • Поштенски број:1000
    • Град:Скопје , Македонија
    • Телефон #:00 389 (0) 2 2463333
    • Година на регистрација:1990
    • Локација на мапа:Прикажи



    022463333

    корисничка поддршка