Опис на компанијата:Фирмата АГРИА ЦЕНТАР од Штип се занимава со увоз, продажба и сервисирање на мала градинарска, хортикултурна и друга механизација, а потесна специјалност е продажбата и сервисирањето на мотокултиватори и приклучна опрема за нив.
Почетокот на нашето работење датира од 1989 год. како представништво на фабриката ХОНДА - Мио Стандард од Осиек - Р. Хрватска, а потоа и како представништво и на ИМТ - Књежевац, Р. Србија. Од 2008 година Агриа Центар работи како независен, директен увозник на нови модели на мотокултиватори.
Во поново време понудата на мотокултиватори е зголемена и со гордост можеме да кажеме дека само кај нас има најголем избор на мотокултиватори, како и дополнителна опрема од различни производители.
Дел од брендовите кои Ви ги нудиме се: Веима, Аеробс, Фортеко, Белини, Гарден Макс, Градина, Лабин Прогрес, ФПМ, Хонда и други.
Ние не продаваме мтокултиватори на слики и каталози. Мотокултиваторите се на залиха и во секое време имаме над помеѓу 15 и 35 различни модели на лагер!
Со успешното надградување и стручно работење Ви овозможуваме:
- Најголем избор на нови мотокултиватори од различни категории и изведби,
- Најповолни цени,
- Најголем избор на приклучна опрема за сите модели на мотофрези и мотокултиватори,
- Понуда на останата земјоделска и градинарска механизација,
- Продажба на големо и мало,
- Испорака до секое место во Македонија,
- Дијагностика, сервис и резервни делови.
Богатото искуство и високата професионалност се нашата силна страна!
Повелете во АГРИА ЦЕНТАР - Единствениот центар за мотокултиватори!
Работно време:
Понеделник до петок:9-19,
Сабота:8-16.
Повеќе информации можете да добиете на телефон:
070 322 193,
074 208 218 и
032 391 183.
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДОО Скопје ЕДБ: 4030003492487 ЕМБ: 5808103 Жиро сметка бр. 200001932640117 депонент на Стопанска Банка АД Скопје