00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Кислороден концентратор Ирене


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Кислороден концентратор со проток на кислород: 1 – 5 л/мин наменет за континуирана кислородна терапија за пациенти со хронични белодробни заболувања. Апаратот е со современ дизајн, лесен за ракување и исклучително тивок. Има дигитален дисплеј на кој се подесуваат параметрите на апаратот.

    Опис:

    Кислороден концентратор наменет за континуирана кислородна терапија за пациенти со хронични белодробни заболувања. Апаратот е со современ дизајн, лесен за ракување и исклучително тивок. Има дигитален дисплеј на кој се подесуваат параметрите на апаратот.

    Дополнително има можност за подесување на временскиот интервал за траење на терапијата. Има три слоен систем на филтрација (сунѓерест, карбонски и ХЕПА филтер) кој обезбедува кислорот со висок степен на чистота – 93% ± 3%. Дополнително има аларам за: ниско ниво на кислород (кога концентрацијата на кислород е помала од 82%), температура, за прекин на електрична енергија и за зголемување или намалување на притисокот.

    Тежина: 24 кг
    Проток на кислород: 1 – 5 lt/min
    Густина на кислород: 89-96%
    Ниво на бучава под 40dB
    Потрошувачка на енергија: 220 V
    Димензија: 390 x 337 x 620 мм

    Медицински индикации
    Хронична опструктивна болест (ХОББ);

    Пневмонија;

    Астма;

    Бронхопулмонална дисплазија (неразвиени бели дробови кај новородени);

    Срцева слабост;

    Цистична фиброза;

    Слип апнеа;

    Повреди на респираторниот систем;

    Акутни состојби во медицината: политраума, анафилакса, големи крвавења, шок, конвулзии, хипотермија.
  • Availability:Contact
  • Warranty:1 year
  • company profile

    Medicus Help (Medikus Help)

    • Company introduction:Основна програма во работењето на Медикус Хелп (Medikus Help) е програмата на ортопедските помагала. Важноста на ортопедските помагала во секојдневието на луѓето чиј живот ненадејно или постепено се изменил е огромна. Ортопедските помагала се помош во извршувањето на секојдневните обврски, овоможуваат движење, седење, надоместуваат физички недостаток, даваат шанса за поквалитетен живот. Тоа беше една од причините да започнеме со дејноста увоз и дистрибуција на ортопедски помагала. Определбата на Медикус Хелп (Medicus Help) е понудата на ортопедски помагала за македонскиот граѓанин да биде поразноврсна и поквалитетна. Нашата цел е да понудиме квалитетна и врвна услуга. Сакаме доколку постои болест, било привремена или трајна да ја олесниме со соодветно помагало, кое ќе значи подобро секојдневие. Желба ни е и да помогнеме во превенцијата од појава на деформитети кај младата популација. Увезуваме најквалитетни и најсовремени сертифицирани ортопедски помагала. Претставници сме на реномирани светски производители. Редовно ги посетуваме светските саеми, ги следиме новините и трендовите во светот на ортопедските помагала и постојано го зголемуваме нашиот асортиман. За да овозможиме полесна пристапност на ортопедските помагала ширум Македонија отворивме 10 специјализирани продавници. Константно работиме на усовршување на нашиот кадар преку едукации и курсеви кои ги организираат нашите добавувачи и нашиот стручен кадар. Имаме склучено и Договор со Фондот за здравствено осигурвање на Р.Македонија, што на осигурените лица им овозможува на поевтин и поедноставен начин да дојдат до потребното помагало. Задоволството на купувачот е нашиот најголем успех.
    • Contact Person Name:Марија Ѓорѓиовска
    • Address:Јадранска Магистрала 165A (Визбегово)
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:070260864
    • Telephone #:02 314 3333
    • Fax #:023130015
    • Geo Location:Show
    follow this companycontact sellerall products
    Rating:
    4.7 of 5.0 (3 ratings total)




    023143333

    shopping assistance