Seller’s commission
MarketKonekt ви наплаќа провизија само ако вашата продажба е успешно завршена.
Провизијата изнесува 7% од цената на производот за компании кои имаат платено членство. За бесплатно членство процентот на провизија е по договор.
Банкарската провизија за плаќање со платежна картичка изнесува 1,95% од вкупниот износ на секоја трансакција според договор бр. 0307-1615/15 склучен со Стопанска Банка АД Скопје.
Дополнителни информации околу провизијата за MarketKonekt:
- Провизијата не се пресметува на ДДВ-то на производот.
- Провизијата не се пресметува на трошоците за достава на производот.
- Провизијата се наплаќа само за нарачките направени преку системот на MarketKonekt за кои продавачот нема да достави приговор во рок од 8 дена од направената нарачка.
Датум на последна промена на информациите погоре: 17.11.2016.