Preparation for TOEFL iBT exam in English
|
- product description
- company profile
product description
Product Description: TEST OF ENGLISH AS A FOREIGN LANGUAGE – INTERNET BASED TEST (TOEFL iBT). Ова е интернационален тест потребен за влез во најголем број универзитети и колеџи во САД, Канада и други земји. Обуката се состои од работа на техники за најбрзо совладување на форматот на испитот, поделен на четири дела: читање, слушање, зборување и пишување. Читање: Се работат текстови од околу 700 збора со различна тематика и сложеност. Слушателите се справуваат со брзо и ефикасно читање и совладување на вокабулар во даден контекст. Слушање: Се работи на селективно слушање, слушање и разбирање на главната идеја преку долги предавања и разговори. Зборување: се работи на развивање на говорните вештини кај слушателите со цел брзо и ефикасно да го спремат својот одговор во ограничен временски период и со соодветен вокабулар. Пишување: Врз основа на дадена визуелна или аудио подлога се работи на пишување една интегрирана задача и еден есеј на дадена тема: давање и образложување став или споредба на позитивни и негативни страни на одредена тема. Се работи на техниките на пишување, употреба на вокабулар и организација на текстот. На крајот на курсот се прави модел–симулиран тест на компјутер и кандидатот добива извештај со можни резултати и препораки од професорот.
Category:Education & Training
Availability:Contact
Seller:Lingvafan
company profile
Lingvafan
- Company introduction:Лингафан е едно од најстарите приватни јазични училиште во Скопје. Основано е во 1990 година и од скромно училиште прерасна во реномиран акредитиран Центар за странски јазици, дисперзиран на три локации во Скопје, во населбата Аеродром, Тафталиџе и строгиот Центар на градот. Просториите на трите локации се пријатни и модерни а современата опрема, учебниците и библиотеката овозможуваат квалитетно совладување на програмата, континуитет во изучувањето и сигурен успех и напредок. Искуството, компетентноста, посветеноста и професионалниот однос на нашиот наставен кадар гарантираат квалитет пред се затоа што Лингвафан има усвеоно европски стандарди за квалитетот во јазичната настава и перманентно се залага за нивно унапредување и одржливост.
- Contact Person Name:Фанија Стошиќ Николовска
- Address:Centar , Taftalidze, Aerodrom
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Cell Phone #:38970 221216
- Telephone #:02 2446 227
- Geo Location:Show
| | | Retail Price - VAT Included:8.200 MKD Курс за подготовка за TOEFL iBT
| |