Preparation for IELTS exam in English
|
- product description
- company profile
product description
Product Description: INTERNATIONAL ENGLISH LANGUAGE TESTING SYSTEM (IELTS). Со меѓународниот тест IELTS се одредува нивото на англискиот јазик во две варијанти: - Општ модул (General module) – наменет за аплицирање за работна и иселеничка виза за Австралија и Нов Зеланд, или за некоја вонакадемскa обука, и - Академски модул (Academic module) наменет за влез во високообразовни инститиуции, за студирање или постдипломски студии во Европа, Северна Америка или Австралија. Слушателите заинтересирани за посетување на овој курс, треба да поседуваат најмалку средно ниво на познавање на англиски јазик (В 1). Курсот ги запознава слушателите со форматот на испитот и со него кандидатите усвојуваат техники за најбрзи и најефикасно совладување на четирите дела на испитот (јазични вештини): слушање, пишување, читање и зборување. Слушање: се увежбува селективното слушање, слушање и разбирање на главната идеја, како и прашањата и задачите кои следат, како што се: избор меѓу дадени одговори, давање на кратки одговори, пополнување табели, завршување на реченица, поврзување дијаграми, белешки, резимеа итн. Читање: се усвојуваат техниките на брзо и ефикасно читање, преку разновидни текстови и задачи. Се работи на skimming (читање за да се добие генерална идеја за организацијата и содржината на текстот) и scanning (брзо лоцирање на информации во текстот), преку разновидни текстови и задачи: избор меѓу дадени одговори, дополнување, кратки одговори, поврзување параграфи со наслови итн. Пишување: се работи на пишување различни писмени состави во зависност од модулот. Општиот модул опфаќа формални, полуформални и неформални писма и есеи на дадена тема. Академскиот модул опфаќа статистички извештаи во вид на табели и дијаграми, како и есеи на дадена тема со образложување ставови и идеи. Зборување: се работи на техниките за успешно презентирање на усниот дел од испитот: течно изразување ставови и заклучоци, организирање и поврзување на идеите, аргументирање итн., преку симулирани интервјуа идентични на оние од самиот испит. На крајот на курсот се прави модел–симулиран тест и кандидатот добива извештај со можни резултати и препораки од професорот.
Category:Education & Training
Availability:Contact
Seller:Lingvafan
company profile
Lingvafan
- Company introduction:Лингафан е едно од најстарите приватни јазични училиште во Скопје. Основано е во 1990 година и од скромно училиште прерасна во реномиран акредитиран Центар за странски јазици, дисперзиран на три локации во Скопје, во населбата Аеродром, Тафталиџе и строгиот Центар на градот. Просториите на трите локации се пријатни и модерни а современата опрема, учебниците и библиотеката овозможуваат квалитетно совладување на програмата, континуитет во изучувањето и сигурен успех и напредок. Искуството, компетентноста, посветеноста и професионалниот однос на нашиот наставен кадар гарантираат квалитет пред се затоа што Лингвафан има усвеоно европски стандарди за квалитетот во јазичната настава и перманентно се залага за нивно унапредување и одржливост.
- Contact Person Name:Фанија Стошиќ Николовска
- Address:Centar , Taftalidze, Aerodrom
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Cell Phone #:38970 221216
- Telephone #:02 2446 227
- Geo Location:Show
| | | | Retail Price - VAT Included:9.600 MKD Курс за подготовка за IELTS General ...
|