Company introduction:Визија ЕСП - Скопје е основано во 1999 година како центар за преводи / толкување, обука по странски јазици и компјутерска обука од страна на врвни професионалци кои делеа јасна визија: Бескомпромисна потрага по врвен квалитет во услугите што ЕСП ги нуди, со што ЕСП ќе израсне во центар на извонредност за обука по странски јазици, компјутери и обуки за развивање и управување на човечки ресурси, кој влева сигурност кај посетителите во успешност на процесот на учење на странски јазик, компјутерско описменување, како и обука за усовршување. ЕСП опстојува на таа визија, и во потрага по квалитет добивката е од второстепено значење. Мисија Текот на работењето, искуствата и знаењата стекнати во тој процес, овозможија од визијата на ЕСП да се развие мисијата на ЕСП: Целосна посветеност кон непречен напредок на клиентите во усовршување на нивните познавања од избраната област, која најдобро е изразена преку Нашето мото Развивај го човечкиот потенцијал! Потврда за квалитет во наставата Од Мај 2006 ЕСП е целосно акредитирано од MAQS (МАКС) - Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици (Асоцијативна членка на EAQUALS - Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици). Насоченост кон потребите на клиенти Еден од најважните темели за дизајнирање на нашите обуки се токму утврдените потреби и очекувани исходи на клиентите, врз основа на што изведувачите и посетителите заедно работат на постигнување на договорените цели на најефикасен можен начин