00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Обука Лидерски вештини за млади-Aspiring Leadership


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Како да напредувате во кариерата и да дојдете до работното место што го посакувате? Како да направите позитивно влијание врз другите? Како да градите ангажирани продуктивни тимови? Лидерството се учи.

    Мотива Ве поканува за учество во живо on-line (преку Zoom) на 4-дневна обука за вештини, алатки, знаење и начин на размислување кои ви се потребни за да ги водите другите:

    Лидерски вештини за млади - Aspiring Leadership
    Обуката трае 4 дена од 18,00 до 20,30ч.

    Обуката е исполнета со активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент игри, повеке спикери, панели, работа во помали тимови, забава и награди.

    Секој учесник добива сертификат за завршена обука за лидерство.

    Програмата на семинарот Лидерски вештини за млади-Aspiring Leadership опфаќа теми со следниве содржини:
    -Запознајте се себе си. Кој стил на лидер сте Вие? Од каде да почнете да се подобрувате - критичко размислување.
    -Водење со интегритет-самосвесност и самобрендирање
    -Подгответе се за работата која сакате да ја работите
    -Патот на лидерството – Шест клучни области неопходни за развој на лидерите аспиранти (Aspiring Leaders)
    -Карактеристики на Inspirational leadership, како успешните лидери ги инспирираат луѓето
    -Комуникациски вештини за остварување влијание и инспирирање на другите за поголема ангажираност и продуктивност
    -Eмоционална интелигенција - Развивање на стратегии за подобрување на сопствениот EQ
    -Развивање и алатки за водење на тимови
    -Водење промени – идни вештини за раководење-припрема за транзиција (дигитални вештини и постојни трендови-Design Thinking and Creativity, Big Data, Internet of Things, Artificial Intelligence)
    -Водење со пример - Посветеност во пракса - прилагодливост, агилност, флексибилност, иновативност, инклузивност, фокус кон клиентите/купувачите
    -Градење на позитивна мотивациска клима во услови на намалени буџети - Улогата на лидерот како мотиватор, ментор и коучер
    -Управување со време- поставување на цели, воспоставување на приоритети и делегирање
    -Ковид-19 мерки за лична заштита и заштита на луѓето околу вас-искуства од експерти и од учесниците на обуката – Панел дискусија
    -Акционен план за континуиран развој на специфичните компетенции

    Доколку сакате повеќе информации од претставниците на Мотива, побарајте на тел. 070 358680 и 02/3061114.
  • Availability:Online
  • Place of Origin:Macedonia
  • company profile

    МОТИВА –Центар за менаџмент консалтинг, образование и обука

    • Company introduction:Мотива има преку 20 години искуство во дизајнирање и изведување на менаџмент обуки и до сега голем број учесници имаат посетувано најразлични видови обуки. Ние сме специјализирани во испорачување на обуки во делот на комуникациски вештини, градење доверба, мотивација на вработени, ангажираност на вработени, тимска работа, маркетинг, продажни вештини, грижа за корисници, финансии, управување со промени, лидерство, стратешко планирање, управување со време и ефективно водење состаноци, управување со човечки ресурси, емоционална интелигенција, менторство и подучување / советување (coaching), преговарање, делегирање, донесување одлуки и решавање проблеми, управување со ланец на снабдување, управување со проектен циклус, дигитални и ИТ обуки, обука за предавачи, управување со конфликти, управување со стрес, грижа за себе и добростоење и други теми од областа на менаџментот и лидерството. Ние сме тим на посветени професионалци кои имаат за цел да ги унапредат капацитетите и да ги подобрат перформансите на индивидуалните лица, компаниите, владините институции и меѓународните организации.
    • Contact Person Name:Зорица
    • Address:Ул. Лондонска 11б
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:070 358680
    • Telephone #:02 3061114
    • Geo Location:Show



    023061114

    shopping assistance