Company introduction:Мотива има преку 20 години искуство во дизајнирање и изведување на менаџмент обуки и до сега голем број учесници имаат посетувано најразлични видови обуки.
Ние сме специјализирани во испорачување на обуки во делот на комуникациски вештини, градење доверба, мотивација на вработени, ангажираност на вработени, тимска работа, маркетинг, продажни вештини, грижа за корисници, финансии, управување со промени, лидерство, стратешко планирање, управување со време и ефективно водење состаноци, управување со човечки ресурси, емоционална интелигенција, менторство и подучување / советување (coaching), преговарање, делегирање, донесување одлуки и решавање проблеми, управување со ланец на снабдување, управување со проектен циклус, дигитални и ИТ обуки, обука за предавачи, управување со конфликти, управување со стрес, грижа за себе и добростоење и други теми од областа на менаџментот и лидерството.
Ние сме тим на посветени професионалци кои имаат за цел да ги унапредат капацитетите и да ги подобрат перформансите на индивидуалните лица, компаниите, владините институции и меѓународните организации.
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.