00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

МАЈКА И ДЕТЕ

МАЈКА И ДЕТЕ

Цената е со вклучен ДДВ
2.490 MKD

  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:МАЈКА И ДЕТЕ ИДЕАЛНА ЗА ИДНИТЕ РОДИТЕЛИ !!! Јасно, прецизно , чекор по чекор ги води родителите низ сите фази.Работи кои се познати , но и сосема нови содржини. Најдобра книга за Мајката и првите години на детето во издание на реномираната издавачка куќа Дорлинг Киндерсли од Велика Британија. Книгата е поделена на 4 главни делови. - Бременост- Ве води низ периодот пред забременувањето и планирањето до што очекуваат бебе- и нивните сопрузи - се восхитени од тоа што се слу чува во матката во текот на целата бременост. За секоја фаза има текст и слики што ви ги објаснуваат промените што се случуваат во вашето тело и за тоа како расте бебето. Има многу полезни информации за исхраната и вежбањето во текот на бременоста, што подразбира грижа во текот на бременоста и совети како да се соочите со најчестите проблеми и кога да побарате лекарска помош, ако има причина за загриженост. - Грижа за бебе и дете - Оваа книга обилува со илустрации и ви посочува како да се грижите за вашето бебе од раѓањето до неговата трета година. Информациите во ова поглавје се подредени хронолошки , за подробно да ве упатат во растењето на вашето дете. Овде можете да најдете информации за хранење , одбивање од доење, користење нокшир и други прашања што знаеме дека се предизвик за родителите. Ќе забележите дека во ова поглавје се посветува поголемо внимание на тоа како најдобро да го искористите времето со вашето дете, дури и ако извршувате основни работи, како што е менувањето пелени. - Развој - Во ова поглавје се обработува тема што е важна , но честопати ги збунува родителите. Разните нешта што детето ги прави во текот на својот развој покажуваат дека тоа се повеќе го разбира светот. Секоја развојна фаза на детето им нуди незаборавни мигови на родителите и најблиските членови на семејството. Ќе се радувате на првата насмевка на вашето бебе , на неговите први гласови и на неговите први чекори. Се надеваме дека ова поглавје ќе ви ја поедностави секоја развојна фаза и ќе ви помогне да имате поголемо разбирање за различните однесувања на вашето дете. Акцентот во ова поглавје се става на тоа како да го разберете развојот на бебето и малото дете, за што повеќе да уживате во секој миг, да ги прославите неговите достигнувања и да го поттикнете најдоброто кај вашето дете. - Здравје - Оваа поглавје ви нуди полезни совети за начините на кои можете да го заштитите вашето дете од болести и незгоди. Напишано е така што е лесно за употреба, а вклучува и неколку ретки заболувања што не се секогаш наведени во книгите за грижа на деца- на пр. заболувања на дланките , стапалата и усната празнина , или синдромот Кавасаки. Информациите се лесно разбирливи и се засноваат врз најновите медицински проучувања. На крајот на ова поглавје има и совети за прва помош . Иако се надеваме дека никогаш нема да се соочувате со овие постапки , сепак добро е да го прочитате и ова и да го имате при рака, ако некогаш ви треба. На крајот на книгата ќе најдете список на имиња и адреси , групи за поддршка , добротворни и други организации. Тие се поделени на 4 категории што соодветствуваат со четирите главни поглавја во книгата. Таму каде што можевме наведовме и интернет - адреси.
  • Category:Books
  • Availability:Contact
  • Place of Origin:Macedonia
  • Minimum Order Quantity:1
  • company profile

    Mladinska Kniga

    • Company introduction:Маркетинг и промоција на директна продажба на книги од Издавачката Куќа Младинска Книга Дооел - Скопје Заинтересираните за промоција,директна продажба, маркетинг или купување на одредена енциклопедија и поблиско запознавање со делата,слободно може да ме контактираат.
    • Contact Person Name:МЛАДИНСКА КНИГА ДООЕЛ- СКОПЈЕ
    • Address:Ул. Љубљанска 5
    • Post Code:1000
    • Cell Phone #:070 397615
    • Telephone #:02 3072544
    • Geo Location:Show



    023072544

    shopping assistance