00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Решавање проблеми и донесување одлуки


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Цел на обуката

    Целта на обуката е стекнување вештини за решавање проблеми и донесување одлуки преку користење соодветни алатки и техники. По завршувањето на обуката учесниците ќе можат: да анализираат ситуација во која ќе идентификуваат и ќе дефинираат проблеми; да употребат модел и алатки за анализа и решавање на проблеми; да употребат алатки за донесување одлуки; да направат план; да спроведат одлука и друго.

    Опфат – теми

    Идентификување и дефинирање проблем
    Како гледаме на проблемите – перцепција
    НЛП-модел
    Процес на размислување
    Класификација на проблемите
    Проблем или предизвик?
    Видови решенија
    Креативно размислување - креативност при решавање проблеми
    Креативни и иновативни решенија
    ТОТЕ-модел
    Модел за решавање проблеми
    Алатки за анализа и решавање проблеми
    Алатки и техники за донесување одлуки
    Стилови на донесување одлуки
    Факти наспроти информации
    Донесување одлуки
    Процес на донесување одлуки
    Планирање и организирање
    10-те правила за донесување добри одлуки
    Методи, алатки и техники за креативно размислување при решавање проблеми и донесување одлуки
    Спроведување одлуки
    Друго
    Целна група

    Оваа обука е наменета за сите вработени кои работат или пак ќе работат како менаџери, тим-лидери, раководители и др., како и за учесници кои сакаат да се стекнат со вештини за решавање проблеми и донесување одлуки.

    Методологија на работа

    Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

    Материјали

    Презентациска скрипта; формулари како обрасци и другите дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

    Времетраење

    При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
    Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.
    По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.
  • Seller:ESP
  • company profile

    ESP

    • Company introduction:Визија ЕСП - Скопје е основано во 1999 година како центар за преводи / толкување, обука по странски јазици и компјутерска обука од страна на врвни професионалци кои делеа јасна визија: Бескомпромисна потрага по врвен квалитет во услугите што ЕСП ги нуди, со што ЕСП ќе израсне во центар на извонредност за обука по странски јазици, компјутери и обуки за развивање и управување на човечки ресурси, кој влева сигурност кај посетителите во успешност на процесот на учење на странски јазик, компјутерско описменување, како и обука за усовршување. ЕСП опстојува на таа визија, и во потрага по квалитет добивката е од второстепено значење. Мисија Текот на работењето, искуствата и знаењата стекнати во тој процес, овозможија од визијата на ЕСП да се развие мисијата на ЕСП: Целосна посветеност кон непречен напредок на клиентите во усовршување на нивните познавања од избраната област, која најдобро е изразена преку Нашето мото Развивај го човечкиот потенцијал! Потврда за квалитет во наставата Од Мај 2006 ЕСП е целосно акредитирано од MAQS (МАКС) - Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици (Асоцијативна членка на EAQUALS - Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици). Насоченост кон потребите на клиенти Еден од најважните темели за дизајнирање на нашите обуки се токму утврдените потреби и очекувани исходи на клиентите, врз основа на што изведувачите и посетителите заедно работат на постигнување на договорените цели на најефикасен можен начин
    • Contact Person Name:Лидија Таскова Попова
    • Address:9-ти Мај 4
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:02 3246041
    • Year registered:1999
    • Geo Location:Show
    Retail Price - VAT Included:5.782 MKD

    Coaching сесија

    Retail Price - VAT Included:5.192 MKD

    Coaching сесија

    Retail Price - VAT Included:5.782 MKD

    Coaching сесија

    Retail Price - VAT Included:5.192 MKD

    Coaching сесија

    Retail Price - VAT Included:5.192 MKD

    Coaching сесија

    Retail Price - VAT Included:5.310 MKD

    Coaching сесија




    023246041

    shopping assistance