00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Општ германски јазик

Општ германски јазик

Цената е со вклучен ДДВ
6.600 MKD

  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Германскиот е втор најчесто зборуван јазик, по англискиот!

    Германскиот јазик, поточно западно-германскиот е јазик кој главно се зборува во Централна Европа. Тој е најшироко распространет и официјален јазик (или ко-официјален) во Германија, Австрија, Швајцарија, Јужен Тирол во Италија, Германската заедница на Белгија и Лихтенштајн. Тој е еден од трите официјални јазици на Луксембург и ко-официјален јазик во Војводството на Ополе во Полска.

    Германскиот јазик е најсличен на другите јазици во гранката на западногерманскиот јазик, вклучувајќи африканс, холандски, англиски, фризиски јазици, долногермански / долносаксонски, луксембуршки, шкотски и јидиски јазик.

    Исто така, содржи блиски сличности во вокабуларот со данскиот, норвешкиот и шведскиот јазик, иако тие спаѓаат во групата Северногермански.

    Германскиот јазик е еден од најпопуларните јазици на светот, мајчин јазик на скоро 100 милиони луѓе ширум светот и најраспространет мајчин јазик во Европската унија.

    Германскиот е трет најчесто зборуван странски јазик во ЕУ после англиски и француски јазик, што го прави втор по големина јазик во ЕУ според вкупните говорници.

    Германскиот е исто така втор широко изучуван странски јазик во ЕУ после англиски на ниво на основно училиште.

    Нашите курсеви за општ германски јазик се вистинското решение за Вас, доколку сакате во целост да го совладате јазикот!

    Граматика, пишување и говорење на германски јазик - нашите предавачи ќе ве воведат и ќе ве научат да го зборувате германскиот како мајчин јазик!

    Курсевите за општ германски јазик се поделени во неколку степени, и тоа:

    А1.1, А1, А2.1, А2, B1.1, B1, B2.1 и B2.

    Секој степен е организиран во 60 часа, со времетраење од 45 минути.

    Со секој завршен курс, добивате сертификат за завршениот степен.

    Живееме во ерата на глобализацијата, па така, познавањето на германскиот јазик, е важен елемент и често одлучувачки фактор при аплицирање за одредена позиција, универзитет или за членство во некоја институција.

    Инвестирајте во себе, проширете ги видиците, отворете се за светот!

    ДА ГО НАПРАВИМЕ ТОА ЗАЕДНО!

    Оваа пандемија е само можност секој од нас да се издигне и да се избори со пречките преку знаење, надградба и развој на својата личност!
  • Availability:In Stock
  • Seller:ESP
  • company profile

    ESP

    • Company introduction:Визија ЕСП - Скопје е основано во 1999 година како центар за преводи / толкување, обука по странски јазици и компјутерска обука од страна на врвни професионалци кои делеа јасна визија: Бескомпромисна потрага по врвен квалитет во услугите што ЕСП ги нуди, со што ЕСП ќе израсне во центар на извонредност за обука по странски јазици, компјутери и обуки за развивање и управување на човечки ресурси, кој влева сигурност кај посетителите во успешност на процесот на учење на странски јазик, компјутерско описменување, како и обука за усовршување. ЕСП опстојува на таа визија, и во потрага по квалитет добивката е од второстепено значење. Мисија Текот на работењето, искуствата и знаењата стекнати во тој процес, овозможија од визијата на ЕСП да се развие мисијата на ЕСП: Целосна посветеност кон непречен напредок на клиентите во усовршување на нивните познавања од избраната област, која најдобро е изразена преку Нашето мото Развивај го човечкиот потенцијал! Потврда за квалитет во наставата Од Мај 2006 ЕСП е целосно акредитирано од MAQS (МАКС) - Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици (Асоцијативна членка на EAQUALS - Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици). Насоченост кон потребите на клиенти Еден од најважните темели за дизајнирање на нашите обуки се токму утврдените потреби и очекувани исходи на клиентите, врз основа на што изведувачите и посетителите заедно работат на постигнување на договорените цели на најефикасен можен начин
    • Contact Person Name:Лидија Таскова Попова
    • Address:9-ти Мај 4
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:02 3246041
    • Year registered:1999
    • Geo Location:Show



    023246041

    shopping assistance