00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Pellet burners Bisolid GP 20_B18, GP 25_B, GP 32_B


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description: Автоматизираните горилници на пелети од серијата Bisolid GP се наменета за користење на дрвени пелети со дијаметар Ø6-8mm, согласно стандардот EN 14961-2:2010, класа Enplus-A1. Може да бидат инсталирани на различни типови на котли на цврсто. Во горилникот доаѓа до контролирано мешање на горивото и воздухот и на тој начин се постигнува еколошко согорување и висока ефикасност.

    Предности:

    • горилниците на пелети Bisolid се целосно автоматизирани - потпалување, следење на пламенот, запирање на процесот на согорување со посебни алгоритми, вклучувајќи и дување, кое обезбедува чистење на комората за согорување, како и лесно и сигурно потпалување;

    • имаат интуитивен LCD екран за полесна работа со светлосна сигнализација на моменталните активни функции;

    • автоматското подесување на количеството на воздух и гориво во согласност со изборот на потребна температура, обезбедува висока ефективност на уредот при минимална потрошувачка на гориво;

    • автоматска модулација на процесот на согорување, намалување на бројот на запирања и потпалувања, според потрошувачката на гориво и електрична енергија;

    • контролата овозможува потпалување и стартување на горилникот на максимална моќност, со цел побрзо да се постигнат зададените параметри;

    • контрола на циркулационата пумпа ;
    • безшумна работа и мала потрошувачка на електрична енергија;
    • заштита од повратен оган кон резервоарот за пелети и замрзнување на носителот на топлина;

    • заштита на циркулационата пумпа од блокирање;
    • можност за контрола на вентилаторот за димните гасови, за подобра промаја на оџакот;

    • работа со собен термостат или неделен тајмер;
    • стандардната испорака вклучува и дозатор за пелети;
    • можност за стартување и стопирање со употреба на GSM модул - опционо.
  • Availability:Contact
  • Seller:Joki
  • company profile

    Joki

    • Company introduction:“JOKИ” e развојно ориентирана компанија, со широк асортиман на производи, основана во 1999 година во Скопје, која се занимава со трговија на големо и мало со сите видови на топловодно греење, соларна енергија, климатизација и водовод. Основен приоритет на компанијата е унапредување и подобрување на квалитетот на работењето и зголемување на одговорноста, што претставува клуч на нашиот успех и темел на нашиот раст и развој. Нашата компанија соработува со голем број на странски фирми и е директен/ексклузивен увозник на нивните производи. Во продолжение Ви претставуваме дел од нив: - “Viadrus” Чешка (производител на гусени котли на цврсто и течно гориво); - "WILO SE" Germany - еден од водечките производители на пумпи и пумпни системи за греење, ладење, климатизација, снабдување со вода и одвод на отпадна вода; - “COMAP” France (производител на регулациони вентили, филтри и фитинг); - “Radijator inženjering” Србија (производител на котли на цврсто гориво); - “FBC Majdanpek” Србија (производител на бакарни цевки); - “DELTAPAN” Turkey (производител на панелни радијатори); - “Ekopan” Србија, (производител на електрични котли); - "Ezinç" Turkey (производител на комбинирани бојлери и сончеви колектори); - “Thermal trend” Czech Republic (фабрика за производство на елементи за затоплување на бањи); - "Valdom" Србија (производител на пластична "ПВЦ" цевка и соодветен фитинг). Долгогодишното искуство, стекнатата доверба во земјата и странство, воспоставените коресподентски односи со своите клиенти, добро обучениот и професионален кадар, јасната визија и стратегија на менаџментот, се реална основа дека “JOKИ” ќе го задржи трендот на раст, квалитет и успешност во работењето.
    • Contact Person Name:Бранкица
    • Address:ул.36 бр.2А
    • Post Code:1041
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:022550118
    • Fax #:022550119
    • Year registered:1999
    • Geo Location:Show



    022550118

    shopping assistance