00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Insurance against fire and other hazards


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Кај осигурувањето на градежни објекти и други неподвижни ствари се сметаат осигурени сите делови на градежниот објект, темелните и подрумските зидови, сите вградени инсталации, сета вградена опрема (лифт, централно греење со цистерна за гориво, бојлери, уреди за климатизација, хидрофори и др.). Посебно не може да се осигура само кровот и запаливите делови на градежниот објект. Кај осигурување на подвижни ствари, ако во полисата стварите не се поединечно наведени, туку како група, се смета дека се осигурени сите ствари што се наоѓаат во местото на осигурување, а и припаѓаат на осигурената група, како оние што постоеле во моментот на склучување на осигурувањето, така и оние што дополнително се внесуваат во таа група. Осигурени се само оние ствари што се сопственост на осигуреникот и на лицата што со него живеат во заедничко домаќинство. Само ако е посебно договорено и во полисата означено, осигурени се: - стварите на работниците кои се на работа на местото на осигурување, како и стварите на трети лица примени заради поправка, преработка, обработка, чување, продажба, во залог под наем и на услуга - брани-масивно градени (од камен, бетон, метал) и насипи од земја со непропустливо јадро и обложени со цврст материјал (камен,бетон и сл.) од водената страна - железнички пруги - изградени брегови, кејови, пристаништа - брани и пропусти (камен, бетон,метал и сл.) - насипи - обложени или обѕидани со цврст материјал (камен, бетон, асфалт и сл.) - мостови - огради, потпорни ѕидови, патишта, друмови, авионски писти, тротоари, поплочени дворишта - жичана мрежа со столбови - во лозја, хмелските насади, овошните плантажи и сл. - мелиорации, регулации и обложени или обѕидани насипи на водени текови, кои се масивно градени - подземни, надземни и подводни мрежи (водоводна, канализациона, телефонска, плинска, електрична и сл.) освен мрежата што е составен дел на зградата, како и мрежата на територијата на индустриското претпријатие; - спортски терени, терени на детски игралишта, отворени капалишта и лизгалишта - пари и хартии од вредност - ствари во рудници под земја - залихи на шталско ѓубре - ствари на изложби и панаѓури - приколки, самоодни машини и трактори на земјоделски стопанства масла и останати полнења, како катализатори кога нивната вредност не е содржана во вредност на осигурените предмети - телевизиски и радио антени. Предмет на осигурување: - Штети настанати како последица од земјотрес - земјишта, па ниту тие на кои се изградени градежните објекти, непоплочени дворишта, брани и насипи што не се изградени, морска вода во преработка - насипи брегови, кејови, пристанишни брани и пропусти - посеви на страк, плодови на стебло, родни и неродни насади (овоштарници, лозја и сл.), освен овошни стебла во дворни места - копнени моторни возила, приколки и самоодни машини, царинските складови, во работилниците на поправки и слично - пловни објекти на вода - воздушни летала - стока во превоз - риби и други животни во истечни и мирни води - ствари изложени на саеми - непечени тули на отворен простор - патишта без долна подлога. ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ): - пожар и удар од гром - експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија, доколку поинаку не е договорено - излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација - Луња - Град - удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените градежни објекти - паѓање на воздушни летала - манифестација и демонстрација. ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПАСНОСТИ: - поплава и порој - лизгање и одронување на земјиште - слегнување на тлото - снежна лавина - истечување на течности (лекажа) - самозапалување на залихи - излевање на вжарена течна растопена маса - удар на непознато моторно возило во осигурен градежен објект. Индустриските организации кои произведуваат, обработуваат или преработуваат течна растопена маса, можат со зголемување на премија да договарат проширена заштита и од ризикот излевање на вжарена течност растопена маса. Со осигурувањето, кога ќе се оствари осигурен случај, се покриени: - штетите од уништување или оштетување на осигурена ствар предизвикани при спасување (рушење, изнесување, укажување помош и слично) поради настанатиот осигурен случај - штетите поради исчезнување на осигурена ствар при настанување на осигурен случај - трошоците направени за расчистување и рушење во врска со настанатиот осигурен случај на осигурената ствар - трошоците што осигуреникот ги направил кога настанал осигурениот случај на осигурената ствар
  • Availability:Contact
  • company profile

    Croatia insurance

    • Company introduction:Проследувајќи ги идеите и плановите за најновите трендови во осигурувањето, Кроација Осигурување –неживот, пружа осигурителна заштита преку сите видови неживотни осигурувања под мотото МИСЛИ ПРЕВЕНТИВНО.
    • Contact Person Name:Даниела
    • Address:Св.Кирил и Методиј 20, кат 2 (М.Х.Јасмин)
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:023251100
    • Fax #:023251111
    • Geo Location:Show



    023251100

    shopping assistance