00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Household insurance


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА СТАНОВИ, КУЌИ И ПРЕДМЕТИ ВО ДОМАЌИНСТВО. Во што е значењето и специфичноста на ова осигурување? Пожар, поплава, провала, кражба или некоја друга опасност може да го уништи или сериозно оштети Вашето домаќинство и предметите во него. Со цел за брзо санирање на последиците од немилиот настан и продолжување со безгрижниот живот без особени трошоци Ви препорачуваме овој вид на осигурување. Осигурувањето на домаќинства подразбира: - Осигурување на стамбени објекти - Осигурување на предмети во домаќинството - Осигурување на одговорност за штета причинета спрема трети лица - Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење. ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ. Предмет на осигурување кај домакинско осигурување е: 1. Станбени објекти (станови и индивидуални згради) како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализацион инсталација кои служат за живеење (во натамошен текст: станбени објекти). 2. Стварите на домаќинството (кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаѓинство) За населен стан се смета стан во кој осигуреникот има постојано живеалиште, а кој не е повеѓе од 60 дена ненаселен без прекин во текот на дванаесет месеци. Во ствари на домаќинството се сметаат: - стварите кои служат за уредување на станот - стварите за лична употреба Со ова осигурување се опфатени и: - готови пари - уметнички предмети - хартии од вредност - скапоцености и збирки Готовите пари се осигурени само од опасност од провална кражба и разбојништво за време додека се наоѓаат во заклучени вѕидани сефови, каси и сл. 3. Одговорност за штети причинети спрема трети лица 4. Трошоците за нужно сместување (на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење) Предмет на осигурување не можат да бидат: - составни уреди во зградата (хидрофори вон состав на зграда, бунари, цистерни за вода и сл.) - моторни возила - велосипеди со помошен мотор - приколки и сите видови пловни објекти - работни машини - резерви на материјали и стоки кои служат за вршење на занаетчиска и друга дејност - необработени благородни метали и необработени скапоцени камења - животни намирници Ствари во постојано ненаселени станбени и други објекти можат да бидат предмет на осигурување по овие услови од ризикот провална кражба и разбојништво ако се договори и плати додатна премија. Ако посебно се договори и плати додатна премија, се дава осигурителна заштита од провална кражба и разбојништво за викенд куќички. Станбените објекти можат да се осигураат како деловен простор ако посебно се договори и плати додатна премија. Ако посебно се договори и плати додатна премија може да се осигураат: сателитски антени, целокупната опрема за индивидуално централно греење со цистерна за гориво (без залиха на гориво), клима уреди и компјутери, апарати со вредност над 500 ЕУР, камери, оружје за кое се поседува уредна дозвола и сл. ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ.) Основни опасности (ризици): - пожар - удар на гром - експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација - луња - град - одговорност - манифестација и демонстрација - паѓање на воздушни летала - излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации и уреди и цевки за топловодни инсталации - провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено. Ненаселени станови во смисла на овие услови се станови кои се ненаселени без прекин најмногу 2 месеци во текот на годината. Дополнителни опасности. Ако посебно се договори и плати додатна премија, осигурувачот е во обврска да исплати надомест и во случај на штета од дополнителни опасности (ризици) и тоа: - поплава, порој и високи води - лизгање и одронување на земјиште - снежна лавина - кршење стакло
  • Availability:Contact
  • company profile

    Croatia insurance

    • Company introduction:Проследувајќи ги идеите и плановите за најновите трендови во осигурувањето, Кроација Осигурување –неживот, пружа осигурителна заштита преку сите видови неживотни осигурувања под мотото МИСЛИ ПРЕВЕНТИВНО.
    • Contact Person Name:Даниела
    • Address:Св.Кирил и Методиј 20, кат 2 (М.Х.Јасмин)
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:023251100
    • Fax #:023251111
    • Geo Location:Show



    023251100

    shopping assistance