Company introduction:Тинекс Микс како дел од Тинекс МТ, нуди прилагодени и специјално дизајнирани решенија за пакување. Со своето десетгодишно искуство во областа на пакувањето, како и со својот професионален тим, стои на располагање за да Ви го понуди најдоброто, најекономичното и естетски најприфатливото решение за безбеден транспорт на стоката од Вашиот магацин до посакуваната дестинација. Богатата референтна листа на која се наоѓаат најголем дел од компаниите од прехранбената, хемиската, фармацевтската, како и од индустријата за производство на вода и сокови во земјава, е потврда за квалитетот на понудените производи.
Ги следиме современите трендови на индустријата на пакувањето и сме спремни истите да Ви ги доближиме и заедно да уживаме во придобивките.