Company introduction:Сите семејства имаат свои рецепти кои со гордост ги предаваат од колено на колено. Тие љубоморно се чуваат во домашните тетратки полни со вкусни рецепти и се подготвуваат со многу љубов. Поставени на домашната трпеза, тие се центарот околу кој се преплетуваат топлите семејни приказни. Традиционалниот начин на подготвување на зимница е гордоста на нашето семејство и токму затоа во 1997 ја отворивме нашата фабрика за производство и преработка на овошје и зеленчук. Со тоа станавме прва приватна фабрика од ваков тип во Македонија и веќе долги години најдоброто од нашето семејство - го споделуваме со вашето.
Нашиот сајт користи колачиња (cookies). Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата кои ги користи MarketKonekt не зачувуваат информации (лични податоци) кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице. Нивната намена е исклучиво да се идентификува користеното од страна на прелистувачот и/или терминалниот уред на Корисникот.