Company introduction:МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ консалтинг е уникатен вид на Македонска компанија (сестринска компанија на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ www.macedonia-export.com - фирма специјализирана за промоција и трговија со македонски производи на меѓународен и локален пазар) која нуди консултантски услуги од областа на Маркетингот, Продажбата, Извозот и Имплементација на тренинг програми за јакнење и зголемување на мотивацијата на тимовите.
Комбинацијата од нашето теоретско познавање во областите во кои работиме, како и практичното искуство во работењето со и во интерес на партнеритe – соработници на МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, е нашата најголема предност при изработка и имплементација на програмите.
Покрај развој и подобрување на стручните вештини, како и посветување специјално внимание на психофизичкиот аспект и неговото влијание во работењето, при процесот на имплемeнтација на обуките, даваме совети и насоки кои помагаат на зголемување на ефектите и максимизирање на учинокот во работењето.
Основни насоки и цели во нашето работење:
- Програма креирана токму според вашите потреби
- Уникатен и креативен пристап во имплементирањето на програмите и максимална инволвираност на учесниците
- Обука во Пракса - Поддршка и следење на тимовите при работењето
- Видлив резултат на краток и долг рок
- „Секогаш повеќе“ за нашите клиенти