Company introduction:Лојал – Стил е компанија формирана во 2001 година од страна на Петар Јовчевски. Идејата за формирањето на компанијата за продажба на материјали и репро материјали за конфекциско работење се родила од тогаш постоечката фамилијарна компанија за продажба на машини и резервни делови за машини за конфекционирање потпомогната од Јовчевски Трајчо и Јовчевски Марјан, се со цел заокружување на целокупната застапеност на пазарот на конфекциското работење. Од самиот почеток основната дејност е трговија и продажба на текстилни и помошни материјали за конфекциско работење, кои што претежно се набавуваат од увоз и се со потекло од ЕУ и Турција, но истите се со врвен квалитет за што потврдуваат и многубројните задоволни купувачи со кои соработуваме од самиот почеток. Во својата палета на производи нудиме пуплини со различни состави и дезени, кепери за ХТЗ опрема и моден кепер, штофови за панталони, жоржети, ленови, џинс, дамаст, брокати, скај, позадински платна. Од помошните материјали нудиме: лепенки, флизелини, конец од реномирани производители траки, ластик, конец-ластик, закачалки. Лојал – Стил успешно егзистира на македонскиот пазар веќе 10 години и полека почнуваме да ги освојуваме и странските пазари со обидите да се пробиеме на пазарот во поранешните Југословенски држави. Исто така поседуваме и сопствена достава на купените материјали.