Company introduction:Иднината, денес, значи планирање на нашиот живот денес, со одговорност кон нашата и иднината на нашите најблиски. Вложувањето во Пензиските фондови со кој управува КБ Прво пензиско друштво е вложување во сопствената иднина. КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во Република Македонија и негова основна дејност е управување со пензиски фондови. Нашата цел е да создадеме вредност за членовите на Фондовите со кој управуваме, да ги заштитиме нивните интереси, да овозможиме сигурност на нивните средства и да создадеме профит со соодветно инвестирање.