Company introduction:Туристичката агенција „Игуана травел“ е формирана во 1991 година, во декември. Основачот на компанијата, г. Мирослав Чонев, своето работно искуство го стекнал почнувајќи во далечната 1976 г. во „Генералтурист” - Загреб и во „Компас” - Љубљана.
На почетокот со само двајца вработени, компанијата низ годините се развиваше во вистинска насока, благодарение на довербата и лојалноста на клиентите-пријатели на „Игуана“, па во овој момент, нашето семејство брои седум членoви-колеги.
Нашата цел е да се доближиме до луѓето што ги користат нашите услуги, пријателски расположени, но професионално подготвени.
Новите дечки во компанијата го наследуваат знаењето и искуството на творецот на „Игуана“, со свежи и оригинални идеи.
И да не должиме многу, на крајот на ова наше претставување искрено ви се заблагодаруваме на сите вас што ни помогнавте во развојот, за годините исполнети со дружење, емоции, сеќавања; на сите вас без кои приказната за „Игуана“ немаше да биде толку интересна и богата. Благодарение на сите вас, приказната за „Игуана“ продолжува...
Активности:
-Летувања
-Зимувања
-Аранжмани во републиката и странство
-Авиобилети
-Саемски, спортски, забавни манифестации во странство
-Училишни екскурзии и друго
Игуана травел поседува А Лиценца за вршење на комплетна туристичка дејност издадена од Министерството за Економија на Р.М.
Игуана травел е воедно членка, и една од туристичките компании Основачи на Стопанската Комора за Туризам на Македонија (СКТМ).