00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

АБВ со Македонка

5%save

АБВ со Македонка

Цената е со вклучен ДДВ
390 MKD 371 MKD

  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:пакет-содржини којшто им помага на вашите дечиња да ја научат македонската азбука
    http://moedete.mk/abv.html
    печатен персонализиран буквар, со аплицирана фотографија од детето
    книга која останува како спомен цел живот
    Уникатен пристап кој ја дава основата на писменоста на мајчин јазик
    Чаша со аплицирана фотографија од детето и македонските букви
    А3 постер со аплицирана фотографија од детето
    На буква, на буква со Македонка, друштвена игра и веб апликација
    NABUKVA.MK - веб апликација: звучни прикази на букви и зборови, насоки за пишување на буквите на екранот
    ОД А ДО Ш - друштвени игри со 64 карти и 2 подлоги

    печатени материјали - преку кои детето се запознава со буквите и зборовите
    дигитални содржини - кои нудат слика, звук, анимација, интеракција и игра, и на сосем нов и интересен начин му овозможуваат на детето да го вежба материјалот
    друштвени игри - преку кои детето го применува и надградува своето знаење

    МОЈОТ БУКВАР - печатен персонализиран буквар

    Букварот е составен од по една страна за секоја буква на која има слики на зборови кои започнуваат на таа буква, како и по една страна за пишување. Дизајнот е минималистички и со големи слики наменети за деца! Во содржината на букварот се аплицира фотографија од детето во фигури на астронаут, жонглер, магионичар итн. За секоја буква има и по една страница за вежбање.

    ОД А ДО Ш - друштвени игри со 64 карти и 2 подлоги

    „Меморија‟ со 64 карти, - пронајди ја истата буква
    „од А до Ш‟ е борд игра со 62 полиња, каде дечињата влечат карта, изговараат збор на буквата од картата и одат онолку полиња напред колку што е наведено на картата.
    „Зборови‟ е игра каде што по случаен избор се одбираат 12 од 64-те карти (6 согласки и самогласки). Кој ќе состави поголем збор од картите, добива поени колку што има букви во зборот.

    НА БУКВА - веб апликација
    http://nabukva.mk

    Веб апликацијата nabukva.mk содржи звучни прикази на букви и зборови кои кореспондираат со слики, насоки за правилно пишување преку анимации и игра преку која децата ги пишуваат буквите на екранот.
    Апликацијата е во бета верзија (се снима нов звук и се изработуваат нови анимации). Тест верзијата можете да ја пробате на nabukva.mk
  • Availability:In Stock
  • Seller:ATD
  • Place of Origin:Macedonia
  • Warranty:1 year
  • Minimum Order Quantity:1
  • company profile

    ATD

    • Company introduction:http://moedete.mk Најголемиот степен на развивање кај децата се случува во најраната возраст. За жал, децата од неанглиско говорно подрачје се соочени со недостаток на квалитетни едукативни содржини, а тоа е сè повпечатливо кај помалите заедници. Со користење на предностите кои ги нудат новите технологии, моедете.мк е фокусирано на развивање на висококвалитетни едукативни пакети на мајчин јазик по пристапни цени. Зошто Состојбите во нашето образование, недостатокот на квалитетни содржини на мајчин јазик, како и традиционалниот модел на едукација (ист пристап за сите), не ги искористуваат предностите на иновациите од денешницата. Како Учењето преку друштвен ангажман, како и соодветно дизајнирани и анимирани содржини е забавно. А, кој не сака да се забавува? :) Запознавање: Користејќи персонализирани материјали учителот (старателот) го запознава детето со темата и преку основни прашања и објаснувања го мотивира детето, му ја укажува целта и што ќе му биде потребно да ја достигне истата. Вежбање: Со задавање на забавни предизвици детето преку игри и интерактивни содржини го надградува своето знаење. Во оваа фаза детето прави стратегија, ги користи своите вештини и навики, и преку завршување на задачите учи, истражува и вежба. Примена: Во оваа фаза децата преку дела, игри, презентации, тимски или поединечно го применуваат и демонстрираат стекнатото знаење, со што се создава одговорност и поголема мотивација, како и анализа како го стекнале тоа знаење. Со што Користејќи го мајчиниот јазик, квалитетно дизајнирани и печатени материјали, оптимизирани веб апликации и игри, играчки, друштвени игри...
    • Contact Person Name:Александар Тримчевски
    • Address:бул.В.С.Бато 8-А-1/23
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:071322662
    • Telephone #:071322662
    • Fax #:071322662
    • Geo Location:Show
    10%save
    Retail Price - VAT Included:1.490 MKD 1.341 MKD

    АБВ со Македонка




    071322662

    shopping assistance