00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Нега и грижа за стари и изнемоштени лица


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Медицинската сестра е тука 24 часа и се грижи за доставување на клиентите секаков тип терапија што е по налог на лекар, како: инфузиона, таблетарна, ампуларна, преврски и слично. Негувателките т.е геренто – домаќинките се исто така 24 часа. Тие се грижат за комплетна нега на клиентите. Ги хранат тие што не можат да се хранат, ги бањаат тие што не можат да се бањаат, менување пелени и чистење катетер на тие што се во таква состојба, бричење, шишање, фарбање и фризури, депилирање, комплетна нега и хигиена, како и помош при влегување, движење и слично.

    Клиентите во Панада добиваат 5 оброци т. е 3 главни оброци и 2 ужини во текот на денот. Ручекот е хотелски систем т.е содржи супа, салата, манџа и меса, десерт и овошје. Ако клиентот е поизнемоштен, интернистката го прави менито да координира со здравствената состојба на клиентот, во тој случај се готви посебно за тој клиент. Панада се труди да им обезбеди на клиентите што подобар избор на домашно зготвена храна од македонската кујна, се приготвуваат зимници како и компот, слатко, мармалад, од сезонското овошје. На клиентите храната им се служи и во собите доколку не сакаат или не можат да престојуваат во дневниот престој. Оваа услуга им е достапна на клиентите 24 часа.
  • Category:Elderly Care
  • Availability:Contact
  • company profile

    Панада

    • Company introduction:„Панада“ е дом со традиција и огромно искуство. 16 години дава беспрекорна нега и грижа. „Панада“ е прв дом за стари лица по сите стандарди во нашата држава со најголемо искуство во својата работа! „Панада“ е објект на 8 нивоа со многу природна светлина во внатрешноста. Сместен на површина од 2510 m2. Вкупната квадратура на установата изнесува 600 m2 и канцеларијата со магацински простор 180 m2 „Панада“ е приватна професионална установа за нега и грижа на изнемоштени, стари и болни лица. Лоцирана на само 20 минути од центарот на Скопје, во викенд населбата Орешани. Во прекрасна и зелена средина, недалеку од р.Вардар . Изолирана од градската врева и загаденост. За вас или вашите најблиски изнемоштени, болни и стари лица овозможуваме 24 часовна медицинска нега и грижа, со тим составен од искусни медицински сестри, геренто-домаќнки и физиотерапевти, кој со широка насмевка ќе ви помогнат во секој момент. Секој четврток (т.е еднаш во неделата) доаѓа интернист специјалист кардиолог субспецијалист, во домашна посета и прави ЕКГ, зимање крв, препишување терапија, ревидирање на постојната терапија, комплетен интернистички и кардиолошки преглед. Во употреба е и најсовремена апаратура за физикална терапија која допринесува опоравување од безброј болести и состојби . Физиотерапевтот со мануелните масажи, активните и пасивните вежби , масажите со електрични масажери, вертикализацијата , разодувањето и раздвижувањето со сите видови помагала па се до постабилно движење, ќе ви овозможи да се чувствувате многу години помлади, посреќни и позадоволни. Панада поседува амбулантно возило, достапна амбуланта и два матични лекари. Персоналот во Панада се состои од медицински сестри, геренто-домаќинки, готвачи, помошничкии готвачки, перачки, хигиеничарки, и физиотерапевт. Бројот на вработени во една смена е соодветен на законски пропишаниот услов ПАНАДА ГО ПРОДОЛЖУВА ВАШИОТ ЖИВОТ Наша Мисија Им ја даваме на постарите лица љубовта и грижата кои им се потребни.
    • Contact Person Name:Панада
    • Address:с.Орешани
    • City:Skopje , Macedonia
    • Cell Phone #:072 626992
    • Telephone #:02 2718718
    • Geo Location:Show



    022718718

    shopping assistance