Company introduction:ГОРД Системи Сервиси е независен понудувач на софтверски решенија и услуги фокусиран на развој на eBusiness решенија за МСП, Здравство и Производство. Нашите софтверски решeнија им помагаат на организациите да ги подобрат и автоматизираат своите деловни процеси и воспоставување целосна контрола на интерните ресурси, овозможувајќи им на тој начин целосно фокусирање на развојот на бизнисот. ГОРД Системи Сервиси e ќерка компанија на ГОРД Системи (основана во 1989). Компанијата е воспоставена преку пренасочување на значаен дел од тимот за развој на софтвер од мајката компанија. ГОРД Системи Сервиси е основана како резултат на потребата за специјализација во развој на софтвер и имплементација за одредени пазари. Компанијата соработува со водечките ИТ компании (IBM, Microsoft, NOVELL, ORACLE, SPSS, итн), со што обезбеди постојан пристап до тековните трендови на развој во Информатичката Технологијата. Фокусирајќи се на развој на е-бизнис решенија, тимот на ГОРД Системи Сервиси има развиено голем број на сопствени производи и услуги за меѓународни пазари. Преку својата политика за квалитет, компанијата во преден план ja истакнува својата определба за обезбедување на контрола на квалитет во процесите на развој и имплементација на своите производи и услуги, како и барањата на своите клиенти. Во управувањето со деловните процеси во компанијата, менаџерскиот тим се раководи по принципите на моделот CMMI (Capability Maturity Model Integration). Во Август 2006 год., компанијата го воведе стадардот IT Mark стандардот, во Ноември 2008 го воведе IT Mark Premium, а во Март 2010, компанијата го воведе стандардот CMMI ML2 (CMMI Maturity Level II/SCAMPI A), уште повисоко ниво на контрола на квалитетот и деловните процеси за развој и имплементација на софтверски решенија. Трајна определба на компанијата е воведените стандарди континиурано да се усовршуваат и надоградуваат на повисоки нивоа.