00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Комбуха чај


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Во палетата на зелени и на црни чаеви GOOD NATURE се вбројува и новиот чај од комбуха.

    Чајот од комбуха е подготвен за сите љубители на комбухата, но и за оние кои би сакале да откријат нов поедноставен начин на нејзино консумирање. Имено, во секоја филтер-кесичка од чајот од комбуха се содржи комбуха во прав, која се добива со посебна технологија од претходно подготвен напиток со габата, а кој потоа со друга технолошка постапка се претвора во прав. Комбухата во прав е целосно растворлива во вода, така што со потопување на филтер-кесичката во топла вода, целосно се раствора. Современите технолошки постапки кои се користат за производство на комбуха во прав обезбедуваат зачувување на особините на комбухата, а воедно во голема мера го поедноставуваат начинот на нејзино консумирање.

    Напитокот од комбуха од којшто се добива комбухата во прав е изготвен од селектирани билки и од зелен чај со исклучителен квалитет.

    Чајната мешавина со комбуха во прав исто така е изготвена од зелен чај и од други билки, но и од плодови коишто на напитокот му даваат исклучително пријатен вкус.

    За оние кои знаат малку, а се љубопитни да дознаат повеќе, еве неколку податоци за комбухата:

    Чајот од комбуха поседува голем број дејства од кои најизразено е антимкиробното, но и хепатопротективното дејство, при што ја подобрува функцијата на црниот дроб и спречува негово заболување. Поради брзата елиминација на токсините од крвта, врши детоксикација на организмот. Чајот од комбуха е богат со ензими и со витамини, коишто го зајакнуваат имуниот систем на човекот, а даваат и енергија и свежина на организмот. Поради присуството на витамин Б се користи и за олеснување на менструалните болки. Може да се користи како силна заштита на сите видови артритис.

    Чајот од комбуха поседува голем број хемиски компоненти кои имаат антиоксидативно и антипролиферативно дејство, со што го помага спречувањето на растот на туморните клетки. Комбухата помага во спречување на појава на кардиоваскуларни заболувања, помага при стрес, нервоза или при проблеми со спиењето. Како едно од главните дејства е и тоа што дејствува како пробиотик, ги подобрува варењето на храната и работата на системот за варење, а со тоа го забрзува и метаболизмот, при што може полесно да се изгуби прекумерната тежина, а и да помогне во спречување на појавата на дијабетес.
  • Category:Tea
  • Availability:Contact
  • company profile

    Alkaloid AD Skopje

    • Company introduction:ALKALOID AD - Skopje is a company that for more than seven decades now is in the business of manufacturing drugs, processing botanical raw material, manufacturing cosmetics and chemical products.
    • Contact Person Name:Продажба
    • Address:бул.Александар Македонски 12
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:023104000
    • Fax #:023104014
    • Geo Location:Show



    023104000

    shopping assistance