Хеморо микс
|
- product description
- company profile
product description
Product Description:Чајната мешавина која во својот состав содржи надземен дел на ајдучка трева, кора од крушина, ризом од пиревина (пиреј), цвет од камилица, плод од боровинка, лист од капина, надземен дел на коњски опаш, ленено семе, корен од глуварче и плод од сладок анасон придонесува за ублажување на симптомите при појава на хемороиди. Голем дел од билките во мешавината го подобруваат варењето на храната, ја подобруваат перисталтиката (работата) на дебелото црево и ја омекнуваат столицата, при што ја прават погодна при појава на хемороиди. Дел од билките поседуваат и противвоспалително дејство, кое помага за подобрување на оваа состојба. Чајот, исто така, се препорачува и при состојби на крвавења од хемороиди, за запирање на крвавењето, и за смирување на болките при појава на хемороиди.
Препорачана дневна доза
Свежо подготвениот чај се пие двапати на ден. Поради присуството на кора од крушина, се препорачува употреба на чајната мешавина најдолго 2 недели, при што треба да следува пауза од 1 недела. Циклусот може да се повторува. Лицата пречувствителни на компонентите од мешавината треба да бидат внимателни со употребата на чајот. Се препорачува консултација со доктор или со фармацевт за лица коишто земаат и други лекови. Не се препорачува негова употреба кај деца под 12-годишна возраст, при бременост и при лактација (доење). Да не се надминува препорачаната дневна доза.
Достапен во пакување од 110 g

Category:Tea
Availability:Contact
Seller:Alkaloid AD Skopje
company profile
Alkaloid AD Skopje
- Company introduction:ALKALOID AD - Skopje is a company that for more than seven decades now is in the business of manufacturing drugs, processing botanical raw material, manufacturing cosmetics and chemical products.
- Contact Person Name:Продажба
- Address:бул.Александар Македонски 12
- Post Code:1000
- City:Skopje , Macedonia
- Telephone #:023104000
- Fax #:023104014
- Geo Location:Show
| | | | Retail Price - VAT Included:Ask for price Gramil mix - tea for soothing haemo ...
| |