00

Login to your profile




New user? | Forgot password?

  • Language

Бразилски орев


  • product description
  • company profile
product description
  • Product Description:Бразилските ореви се богати со минерали и витамини, протеини, масти, јаглехидрати и влакна и се сметаат за исклучително квалитетна храна, особено поради невообичаено високата содржина на селен.
    Во 100гр бразилски орев има:
    - енергија - 655 калории
    - протеини - 14,3 гр
    - масти 66,4 гр
    - јаглени хидрати - 12,3 гр

    Ова се шест причини ошто треба да ги вклучите бразилските ореви во вашата исхрана:

    Здраво срце

    Бразилските ореви содржат големо количество здрави незаситени масти што се поврзани со одржување на рамнотежата меѓу „добриот“ и „лошиот“ холестерол во организмот и подобрување на срцевото здравје. Тие ги елиминираат опасните омега-6 масни киселини од телото и кардиоваскуларниот систем.

    Чиста кожа

    Бидејќи содржат многу цинк, бразилските ореви помагаат во чистење на кожата од акни. Маслото од бразилски орев е богато со витамини и антиоксиданси што ја негуваат кожата, а селенот ѝ дава на кожата здрав сјај и ја подобрува нејзината еластичност.

    Помагаат при слабеење

    Хранливите материи како влакна, протеини и сложени јаглехидрати ги прават бразилските ореви прилично квалитетна храна. Во 30 грама има околу 200 калории, па се советува да ги јадете во ограничени количини. Умереното јадење може да помогне при слабеење.

    Го поттикнуваат дигестивниот систем

    Влакната го олеснуваат движењето на храната во дигестивниот систем и извлекуваат што е можно повеќе хранливи материи. Тоа исто така помага во спречување на создавањето на чир на желудник, запек, надуеност, грчеви и посериозни проблеми како рак на дебелото црево.

    Го зајакнуваат имунитетот

    Антиоксидансите и органските материи што се содржат во бразилските ореви помагаат во зајакнување на имунитетот. Селенот и цинкот, во комбинација со витаминот Ц го стимулираат создавањето на бели крвни зрнца во организмот и на тој начин телото на природен пат се бори против слободните радикали.
  • Availability:In Stock
  • Minimum Order Quantity:5кг
  • company profile

    Гала нутс 2015

    • Company introduction:Гала Нутс е фирма која е основана во септември 2015 година и нејзина основна дејност е продажба на големо на зачини, зрнести производи, житарици, сушени плодови и апетисани. Фирмата врши секојдневна дистрибуција на своите производи на територија на град Скопје, како и дистрибуција низ цела Македонија. Г-дин Игор Донев е основач и извршен директор на компанијата, успешен претприемач кој го става целиот свој ентузијазам и посветеност со цел да се воспостави и развие сигурен и долготраен бизнис. Нашата компанија се состои од 10 високо мотивирани и енергични млади луѓе. Г-ѓа Викторија Донев како главен менаџер со своите знаења и умеења придонесува за развивање и проширување на овој бизнис, негов раст и тимска работа во компанијата. Имаме претставништво во кое можете директно да го погледнете нашиот асортиман и да остварите контакт за цени на адреса бул. 12та Македонска бригада бр. 83б - Лисиче, Скопје . Гала Нутс 2015 има и своја подружница – Мис Гала 2 која се занимава со продажба на своите производи на мало, здрава храна како и овошје и зеленчук. (https://fb.me/prodavnicamissgala2) Гала Нутс работи напорно за да се здобие и да ја одржи довербата на сите свои потрошувачи и партнери.
    • Contact Person Name:Гала нутс
    • Address:Бул.12-та Македонска Бригада 83-Б
    • Post Code:1000
    • City:Skopje , Macedonia
    • Telephone #:070844101



    070844101

    shopping assistance