Company introduction:ФАС-ВАС е водечка дистрибутивна компанија за сите типови на филтери и моторни масла и мазива на територијата на Република Македонија.Основана е во 1992 година како мала компанија во приватна сопственост која континуирано ја изградува својата дистрибутивна мрежа и денес може да се пофали со најголем број на комитенти и асортиман на филтери и масла.Располагаме со преку 3500 филтери од лагер и преку 100 тони моторно масло за да се задоволи вкусот дури и на најпребирливите потрошувачи, а додека за најбрзо вградување на истите одговорен е високо квалитетниот сервис.
Денес, горди сме на фактот што повеќе од 20 години ФАС-ВАС ВАСКО ДООЕЛ и понатаму продолжува да го следи трендот на брзорастечка компанија со една од најголемите дистрибутивни мрежи на оваа територија. Со нашиот досегашен развој продложуваме да градиме висококвалитетен систем на работење кој постојано го унапредуваме во чекор со барањата на пазарот преку следниве сектори.descКако новост во оваа година е и отворањето на сервисниот центар за брза промена на масло и филтери.
Во служба на нашите потрошувачи располагаме и со висококвалитетни кадри во сите сектори на работење, во кои постојано вложуваме преку едукација и развој на нови вештини. Фирмата ФАС-ВАС е генерален застапник за Македонија на пет брендови на филтери од кои ФРАД-СРБИЈА,УФИ-ИТАЛИЈА, БАЛДВИН-САД, ЈАПАНПАРТС-ЈАПОНИЈА, ИСО-ИТАЛИЈА, ОЛДРАТИ-СЛОВАЧКА, НГК-ЈАПОНИЈА како и целокупната програма од маслата на ПЕТРОНАС-ИТАЛИЈА.
МИСИЈА НА ФИРМАТА
Ние како водечка фирма за филтери и масла на територијата на Македонија се стремиме да го одржиме и зголемиме постојаниот лагер на филтери и масла за сите намени, и да им овозможиме на нашите постојани и идни потрошувачи квалитетни производи кои се постојано достапни во нашите простории.
Исто така со отворањето на сервисот за автомобили и лесни комерцијални возила на нашите потрошувачи би им понудиле брза и квалитетна замена на филтери и моторно масло, проследено со врвна проверка на компјутерска дијагностика.
Нашето мото е МУШТЕРИЈАТА НА ПРВ